Сите зборуваат за војните. Како ќе било. Огромен број геостратези по долината на Вардар! Па одат прашања од македонски макроекономисти – дали е македонската економија и воопшто Македонија како држава и општество е ранлива на шоковите предизвикани од војната на Блискиот Исток воопшто сите шокови по ковид кризата во 2020? Дали инфлацијата драматично ќе се забрза во месеците нанапред и дали ни се закануваат црни сценарија, како што покажуваат бројките за македонската економија во моментов?
Анализите покажуваат дека сценаријата за Македонија сигурно не се најцрни, па засега нема голема веројатност за драматично влошување на економските состојби. Оти, македонската економија расте споро и малку, па оттука веројатно овде нема ни што драматично да падне.

Прогнозите што Капитал се обидува да ги скицира во оваа анализа претпоставуваат и базираат на проценката за релативно краток конфликт во блиска иднина на Блискиот Исток, без разлика дали зборуваме за недели или за неколку месеци. Ова не значи дека големиот геополитички судир меѓу САД и Израел од една страна, и Иран и сите негови сојузници од друга страна (како и сеуште бруталната воена агресија на Русија во Украина) ќе исчезнат од глобалната сцена. Во Европа економската криза зазема се поголеми размери имајки во предвид губењето на кинескиот пазар, а и огромната зависност од руските енергенси кои сега ги нема … Плус на тоа отворениот судир на ЕУ со она што значи нова американската политика кон европскиот континент со заканите на Доналд Трамп дека стариот континент не може веќе да се потпира на безбеносната сигурност гарантирана од Вашингтон.

Ова е контекстот денес. Очигледно е дека тоа е нешто на што треба да се навикнеме во годините што доаѓаат, и тоа во услови во кои може да се отворат и други геополитички судири. Па дури и сериозни воени конфликти во наредните години. Ова е основното сценарио за кое секој треба конструктивно да размислува.
Сите македонски небулози!
Во просек, годишната стапка на инфлација оваа година (на крајот на 2026), според нашите очекувања, треба да биде околу 5%, што е малку над минатогодишната стапка. Всушност очекувавме пад на инфлацијата, во овој случај тоа сепак ќе се случи со малку повисока стапка, но е приближно двојно пониско од стапката на инфлација во 2022 година, кога ја доживеавме претходната енергетска криза (по агресијата на Русија врз Украина). Значи, кога ќе го погледнете ценовниот опсег на изворите на енергија од суровини, од бакарот или алуминиумот, сите цени се всушност под, или дури значително под кризните нивоа во 2022 година. Но, прашањето е, ако инфлацијата оваа година е на 5%, зошто се тврди дека дека нема голема драма. Што е фундаментално полошо во врска со инфлацијата во Македонија?
Вработувањето на млади луѓе на возраст меѓу 15 и 24 години веројатно има најголем пад во Македонија. Поразително е што оваа стапка на вработеност на младите е под нивото можеби и од 30 процентни поени под просекот на ЕУ, а да не зборуваме колку сме се оддалечиле од најуспешните членки на ЕУ. Тоа е исто така многу, многу, многу важен индикатор или сигнал, зошто младите заминуваат. Овие катастрофали податоци кажуваат дека младите во Македонија уште од раната возраст на созревање (додека се школуваат) проектираат и сонуваат дека својот живот, не само работата, ќе го продолжат надвор од земјата. Таква структура на население со така изградени ставови Вие господа од партиите не можете да вратите, дури и Чак Норис да го донесете за премир. А и тој почина …
Сите анализи покажуваат, а и многу пати е напишано и кажано, е дека најголемиот дефект во македонската економија е структурниот проблем што е наследен од порано заедно со криминалната приватизација што за резултат имаше катастрофално лоши приватизирани фирми (освен одличните исклучоци), отсуството на трансформацијата во образованието (резултат нискоквалификувана работна сила и огромен недостаок на образувани прептриемачи и инвеститори во нови фирми). Затоа денес нашата економија е со ниска продуктивност, нема доволно конкуренција во одредени индустриски, земјоделски и воопшто деловни сегменти. Очигледно немаме доволно ниво на продуктивност како економија за да можеме да се справиме со конкурентските притисоци.
Имаме фиксен курст на денарот за еврото, што практично значи како да имаме воведено евро, и значително ги отворивме нашите какви такви индустрии. Бевме под удар нанадворешна конкуренција без никаква заштита за домашната индустрија и производство на храна и во таа смисла на конкурентност, и затоа имаме побрз пораст на цените отколку во еврозоната. На мал пазар увезовме и надворешна инфлација и плус профитните маржи овде и тоа е тоа …
Од друга страна, освен на ниската продуктивност во индустриите каде се произведува и секторот на услугите, важно е да се нагласи и катастрофалната ниска продуктивност во јавната администрација, а сепак одлично платена од страна на државата. Македонија многу енергично интервенира во администрацијата кога станува збор за зголемување на нивната плата !?!. Ова е погубно од аспект на државните финансии. За да се задскрие оваа политика на зголемување на платите во администрациите (каде е напиканосе свое од сите партиски елити и шуто и рогато), намерно се отвора темата за одредувањето на цената на трудот кај минималната плата, со што се фрла прав во очите на граѓаните демек тоа е главниот проблем.
Денес основниот приход на македонските граѓани, во најголемиот број случај не е критериум за ништо. Кога ќе го погледнете богатството на граѓаните овде, кога ќе погледнете сè, од возниот парк, станот, мали и големи станови на Халкидики, патувањата, големиот број неработни денови во годината, неработливоста и секојдневното дробење за политиката – е тоа се не може да се купи и оствари од редовни приходи, за кои сите тврдат дека се мали. Каде се мали приходите? Во кои секотри? Во кои индустрии? Дали се мали во администрацијата која во основа ништо не работи и џабе се куцка наутро во клизно работно време на пристигнување од 8 до 9!?
Оттука, богатството во рацете на македонските граѓани за сеова погоре да се оствари очигледно е скриено некаде на друго место. Делумно, се разбира, во сивата економија, но постојат и други форми на приход кои се оданочуваат значително помалку и не се претставуваат децидно како основен приход, но всушност се.
На пример, Данска секако има, многу повисок квалитет на стандард и плати, но и повисок квалитет на јавна услуга. Но оваа држава направи долгорочна реформа на јавниот сектор која траеше дури 20 години, и сеуште трае. Пример, како државата размислува долгорочно, кој и да е навласт. Резултатот е дека денес се всушност многу ефикасни и многу флексибилни. Јавен сектор кој е навистина во служба на граѓаните во секоја ситуација.
Просечна плата во јавниот сектор во Македонија е драматично повисока од приватниот сектор – реалниот сектор. Што ни кажува тоа за здравјето на една економија? Државата (читај Владата на партиски лидери инивните пешаци, војници, поданици и полтрони) станала најпосакуваниот работодавач. Каде води тоа? Па тоа о основната клетка на политичкиот систем во Македонија произведува авторитарен режим. Каква економија очекувате ако вака се поставени нештата?
Во Европа немате многу земји каде што е присутна таква аномалија. Секаде каде го гледате овој дефект станува збор за држави развиени далеку под просекот на ЕУ, каде што приватниот сектор очигледно не може да се развива и заспал, има кататрофално ниво на корупција, непотизам и силни партиски влијанија, поданички менталитет на сиромашни граѓани. И затоа властите даваат приоритет на зголемувањето на платите во нивниот јавен сектор затоа што таму се нивните гласачи кои нели треба да бидат мотивирани да гласаат. Оти независните, стручните, образованите, умните и интелегентните заминуваат. Во ЕУ такви држави се Унгарија, Словачка, Бугарија …. а надвор од ЕУ светол пример е Македонија и останатите земји од Западен Балкан (која повеке која помалку).
Технологија на пропаѓање на еден сектор
Како последица на сето ова ајде да видиме каде сме со она што се вели – реален медијален приход. Според овој критериум, на пример, Хрватска напреднала на 75% од просечниот германски медијален приход. Во однос на моќта на општините, приближно на 87% од приходот. Во голема мерка Хрватска се приближува до исто ниво со Словенија, Чешка, односно Естонија според тој критериум. На истокот на Европа денес, Словенија и Полска се единствените земји што имаат повисок стандард на население што се мери според овој критериум.
Големо влијание на овие процеси е активноста на младото население. Идејата е да остане овде или младите да се вртат назад (на нашава влада последната недела устите им се полни со оваа мантра). Ок … да видиме кои си политиките за бенифиции за вработување на младите, чиј резултат би бил пад на стапката на невработеност на младите. Вработувањето на млади луѓе на возраст меѓу 15 и 24 години веројатно има најголем пад во Македонија. Дополнително, ако зборуваме за бројки, поразително е што оваа стапка на вработеност на младите е под нивото можеби и од 30 процентни поени под просекот на ЕУ, а да не зборуваме колку сме се оддалечиле од оние на најуспешните членки на ЕУ. Тоа е исто така многу, многу, многу важен индикатор или сигнал, зошто младите заминуваат. Овие катастрофали податоци кажуваат дека младите во Македонија уште од раната возраст на созревање (додека се школуваат) проектираат и сонуваат дека својот живот, не само работата, ќе го продолжат надвор од земјата. Таква структура на население со така изградени ставови Вие господа од партиите не можете да вратите и Чак Норис да го донесете за премир. А и тој почина …
Ако, не се направи реформа во образоването и не се работи на создавање на најдобрите услови за развој на претприемаштво во земјата ништо од задржувањето на младите (оти проблемот нее бо двојните пасоши на пратениците, проблемот е во двојните пасоќи на населението особено младите во најдобрите години за создавање). Македонија во овој контекст одамна се откажа од младата работна сила на пазарот на трудот. Која треба да стекне нови знаења, нови вештини.
Ова значи дека во иднина, врз основа на тоа, ceteris paribus, нашата продуктивност ќе има бавен раст во споредба со оние земји што успеваат да држат добри политики на мотивација на младите.
Да речеме, ИТ компании. Тие всушност беа главниот резервоар кој всушност вработуваше млада работна сила. Овој сектор денес е значително на удар на конкурентност, имајќи предвид дека ова е сектор кој работи на глобалниот пазар. Овој сектор, во ерата на пандемијата направи скок, значаен скок, на свропскиот и светскиот пазар. Денес имаме тектонско нарушување. Губење на бизнисот за нашите ИТ компании на тој пазар, а тоа е всушност доста лоша вест бидејќи ИКТ секторот беше нешто на што можевме да бидеме горди пред неколку години. Е сега … Поставува ли некој прашање каде одат тие млади луѓее? Каде работат? Каде инвстираат? Каде плаќаат даноци?
Она што некогаш во девдесеттите години беше автомобилска индустрија за Источна Европа, ИКТ, требаше да претставува нешто за Македонија во однос на подобрување на структурата, економијата, подобрување на конкурентноста и продуктивноста. Имавме неколку години кога навистина ја зголемивме додадената вредност во тој сектор, а потоа во еден момент почнавме да талкаме. Во даночниот систем ги утепаме овие надежни продуктивни ќелии. Државата (било која влада) не изгради стимулативни услови за инвестиции. Резултат – одлив на голем број млади вработени надвор од границите на Македонија, кои потоа всушност ја создаваат таа продуктивност некаде на друго место, во Словенија, Германија, Ирска, Америка … или каде било.
Препорака за итна интервенција
Прашува ли некој во оваа држава колкав процент од БДП (Бруто домашниот производ) од за плати, пензии и социјални трансфери. Ако е повеќе од 50%, а сигурно дека е повеќе не е можно да се одржи на долг рок!?
Значи, имаме маса плати во јавната администрација огромно високо ниво и повисоко од платите во приватниот сектор (а секторот не е скандинавски секако), , а во исто време продуктивноста на нашата економија е далеку под просекот на ЕУ!?!
Пресметува ли некој во Македонија во која мерка масата плати, на пример, се приближува на приходите од ДДВ. Што ке стане ако наплатата на ДДВ падне дрматично поради се погоре кажано. Затоа што секое нарушување поврзано со економскиот раст, или поточно личната потрошувачка, во иднина би можело да го загрози сервисирањето на таквите обврски што државата сега си ги наметнала трајно оджувајки состојба на „војна за плати„.
Оттука, препораката и на оваа анализа е дека треба да се искористи можноста за реструктуирање на јавниот сектор, а не проциклично да се додава гас. Оти кога циклусот ќе помине, кога плимата ќе се спушти, тогаш многумина всушност остануваат како „риби на суво„. Нема да биде можно, со намалени приходи или приходи што растат побавно од очекуваното, да се финансираат трајно воспоставени обврски на врвот на циклусот.
Македонија залута дефинитивно. Ако политичар победи на избори, тој сака да дели пари на сите страни. За жал, тоа е доста поврзано со изборните циклуси (проекти за патишта, плати, општини …) Но, вистинските политики се во правец на олеснување на условите, инвестиции во приватниот сектор. Три фундаментални столба. Значи, прво – конкурентност (не сме конкурентни), второ – не постои приказна за бенефициите за млади (старт на нови бизниси и нови даночни обврзници), трето темите е цената на енергијата. За нашите големи потрошувачи, цената на електричната енергија е многу поскапа во споредба со другите економии. Ако требаше да го изразиме истото во однос на куповната моќ на тие компании според методологијата на Евростат, тогаш разликите се уште поголеми. Многу голем удар е за нашата конкурентност е да плаќаме толку скапа енергија.



















