Не плашете се од често менување на работата
Објавено на од во ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Menuvanje rabotni mestaНовото време носи нова нормалност

Времето кога сте можеле да работите во иста фирма додека не добиете златен часовник одамна помина. Честото менување на работата помага за развивање широк сет на вештини, како и висок степен на врски во деловниот свет, што е клучно при барањето нови работни опции.

 

Поминаа деновите кога наоѓањето добро платена работа значеше мирен пат кон пензија и стабилност. Сè што сметавме за стабилно денес се промени, вклучувајќи го и методот со кој ја постигнуваме истата стабилност.

„Ова е реалност на пазарот на труд во светот денес – многу луѓе работата ја менуваат на секои две години, многу луѓе староста ќе ја дочекаат враќајќи се по завршениот факултет во родителската куќа, а парите им се најголема грижа“, тврди блогерката Пенелоп Транк за Entrepreneur.com.

Колку ова сценарио и да делува црно, во моментот не постои друг начин. Времето кога сте можеле да работите во иста фирма додека не добиете златен часовник одамна помина. Денес компаниите се под притисок да бидат флексибилни (отпуштања, реорганизација и слично), така што работниците мора да се прилагодат на таквата позиција (секогаш да бидат подготвени за промена на работното место). Освен тоа, кризата која денес ја потресува глобалната економија исто така придонесува за потребата за менување на работата. Луѓето денес не можат да знаат дали фирмата во која работат ќе опстане и секогаш мора да имаат резервен план. Стабилноста всушност е најголем предизвик, посебно затоа што начините за постигнување на истатата стабилност се значително изменети.

На пример, денес останувањето на исто работно место цел живот е рамно на самоубиство. Исто така, почетокот на кариерата без искусување на разни опции речиси е невозможен. Работникот повеќе напредува менувајќи работа отколку ако остане на една работа цел живот. Честото менување на работата помага за развивање широк сет на вештини, како и висок степен на врски во деловниот свет, што е клучно при барањето нови работни опции. Некогаш дипломата беше сигурен пат за наоѓање работа, но денеска е многу поразлично. Дипломите се фактор ако сте дипломирале на најпрестижните факултети или ако сте топ студенти.


Работете ја најдобрата работа сè
 додека не најдете друга најдобра работа

Финансиската стабилност исто така е важна. Денешните генерации мора да се соочат со фактот дека повеќето од нив заработуваат помалку од нивните родители. Освен тоа, платата за првата работа е значително пониска од порано, па работниците – почетници мораат самостојниот живот да го започнат со кредити и помала платежна способност од нивните родители. Земајќи с$ предвид, не е чудно што денешниот поим за стабилност не вклучува куќа, две деца и пензија. Се е поголем трендот на семејства со само едно дете бидејќи луѓето не можат да си дозволат две деца, а пензиите се под знак прашање.

Денешните вредности се време и однос. Стабилноста значи работа која ви е забавна и во согласност со овие вредности. Стабилни луѓе се оние кои ги плаќаат сметките работејќи работа која ја сакаат. Деловниот свет претходно функционираше на тој начин што ако навистина напорно работите цел живот, ќе можевте да уживате во удопството на високата пензија. Стабилноста денеска подразбира цел живот да ја работите работата што ја сакате. Новиот начин за наоѓање работа која носи стабилност е често менување на работата. Има неколку начини како да дојдете до тој идеал на денешнината. Еден е да развивате широка палета на вештини. Вработете се на некој фантастичен проект, но напуштете ја таа работа во моментот кога веќе не постои ништо ново на што може да ве научи.

Пробајте да се навикнете на менување на работата. Еднаш кога тоа ќе ви стане вообичаена појава, самиот процес веќе нема да носи толку стрес. Искористете го празниот од меѓу две работи. Ако се подготвувате за некоја голема и ризична деловна промена, искористете го времето за да утврдите како стојат работите на деловен план. Честото менување на работите може да ви помогне и во извлекувањето од долгови.

На крај, еднаш кога ќе ја совладате умешноста на менување работа до ниво кога веќе не ви е проблем да најдете нова работа во краток период, таа вештина може да ја искористите за да ја задржите финансиската стабилност. Ненадејниот отказ сигурно е помал проблем за некој кој навикнал на промени, отколку за некој кој се навикнал на една работа, која треба да ја работи до пензија.

Советот е, значи, работете ја најдобрата работа с$ додека не најдете друга најдобра работа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×