Не постои ситуација во која некој ви дава пари и не прашува што работите
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

emil-tedeschi WEB 946Лекција на Емил Тедески за балканските газди:

“Ние во Хрватска, но исто така и во поранешна Југославија, функционираме според мотото: “Идеите наши, парите ваши “. Сите би сакале пари, а никој не би дозволил други луѓе да им влезат во компанијата”, смета лидерот на Атлантик, според кого дополнителната контрола во компанијата не треба да се смета како нешто лошо, туку како благодет за менаџментот на компанијата.

 

“Ние во Хрватска, но исто така и во поранешна Југославија, функционираме според мотото: “Идеите наши, парите ваши “. Сите би сакале пари, а никој не би дозволил други луѓе да им влезат во компанијата”, рече рече лидерот на Атлантик за време на на конференцијата ЕБОР “Инвестиции во акции: создавање на вредност и корпоративна трансформација”.

Нашиот претприемачки концепт не поднесува некој независен да влегува во  книгите на компаниите, па затоа иднустријата за вложување во капитал во Хрватска е на ниско ниво”, вели тој.

Пред хрватските компании е голема генерациска трансформација, но менталитетот на сопствениците чиј бизнис план за наследување се сведува на наследство во рамки на семејството, наместо на потпирање на професионален менаџмент, го претвора сето ова во несигурност за опстанок.

“Во Хрватска постојат добри компании, но колку сопственици откако ќе го искористат должничкото финансирање,  се подготвени да дозволат влез во компанијата. Ова е клучно прашање. Сопственоста и менаџментот, овие два термина се доста “збунувачки ” во главите на луѓето”, рече Тедески .

Тој верува дека доброто раководство е одговорно за компанијата, луѓето и заедницата, од снабдувачите до деловните партнери.

“Најдобар пример е Агрокор, најголемата трагедија на лидершипот во Хрватска после војната, оставајќи опустошена компанија, добавувачи, финансиска заедница, локални заедници каде што оваа компанија е најголем, ако не и единствен работодавач. Тоа е неодговорно водство”, вели шефот на Атлантик, напоменувајќи дека пропаднатиот гигант бил видлив пример бидејќи ја потресе цела држава, но но има многу мали компании кои пропаднале од истите причини, но никој не ги забележува.

Успехот на Атлантик и трансформацијата од семеен бизнис во корпорација Тедески го припишува на отвореноста кон разговори.

“Кога во 2001 година ја купивме Cedevita за 50 милиони германски марки, за финансирање користевме equity, мезанин финансирање (хибриден инструмент кој во една ситуација делува како заем, а во друга како сопственичка главнина), потоа кредит од банка и нематеријален имот (брендот Cedevite) како колатерал во аквизицијата, што беше прв случај на територијата на поранешна Југославија да се користи бренд како колатерал”, вели Тедески.

Денес, кога никнуваат стартапи, каде нематеријалните средства, бренот или идејата честопати им се единствената ставка во билансот на состојба, треба да се користат како полуга за финансирање на растот.

Иако Атлантик досега има направено повеќе од 40 превземања, вклучувајќи го и познатото преземање на словенечката “Дрога Колинска”, лидерот на Атлантик вели дека “никој од јавниот сектор досега не дошол да го праша како го сторил тоа”.

“Излегува дека се фалам, но трансферот на знаење и искуство е подарок што треба да се искористи. Пред некој ден, еден претприемач ме праша какви ми се искуствата со ЕБРД, бидејќи слушнал дека банките се лоши и дека ќе му ја земат компанијата. Не постои ситуација во која некој дава пари и не прашува што се прави. Природно е дека секој сака да остане сопственик, но прашањето е колку е тоа паметно. Потребна ни е свест дека нема да добиеме пари, без оној кој ги дава парите да има надзор над нив. На крајот на краиштата,ако во компанијата дојде дополнителен надзор, тоа е благодет за менаџментот.  Тоа не е хигиена заради хигиена, туку нешто што го зголемува рејтингот и ги намалува трошоците за капитал “, вели Тедески.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×