Не се националисти, лопови се…!?
Објавено на од во Коментари и анализи

zikov za kolumna-2ТИЕ не се националисти, туку “лопови”, затоа што во нивните глави не станува збор за Македонија, туку за пари, и секако да не одат во затвор …

Решение? Решението е … или ке се свестат и ке гласаат во Парламентот, или на брзи избори ке бидат поразени, па, пак, ке се гласа во Парламентот и Договорот ке помине. А тие веројатно ке се свестат, но, тоа тогаш нема да биде важно …

Никола Груевски, многу слично на Слободан Милошевиќ (добро објаснето во колумните на сега покојниот Александар Тијаниќ), својата кариера на македонски ајатолах, ја изгради на судирот на сопствената интелегенција и сопствениот карактер. Неговата ментална структура го буткаше кон остварување на неговиот најголем талент – кон диктатура – а во тоа силно го подржуваше неговата суета. Од друга страна, метафорички објаснето, неговата интелегенција го ограничува во неговата желба да на сите кои ја доведуваат во прашање неговата неприкосновена позиција, господар на Македонија за сите времиња, им покаже како не е можно да се биде жив, да се биде Македонец, и во исто време да се биде против него …

Се преценил … И тука е заебот.

Значи викендов звезди на “македонските бели ноќи” беа Воислав Шешељ и Никола Груевски. Првиот јавно објави дека, сега по референдумот за Договорот со Грција, а видно возбуден поради тоа што Македонците демек, на Европската Унија и на Америка, им покажале среден прст на референдумот, сега престанува да ги гледа Македонците како Срби. Демек Македонците со референдумот му докажале дека се Македонци, притоа незаборавајки да “касне” со тоа дека од трите дела на Македонија само српскиот станал независна држава (што во суштина е точно, но кажано од устата на Шешељ, тоа звучи прилично шашаво).

На сето ова како што логично прилега вмровците, и некои други “зомби” по долината на Вардар, возвратија со воодушевување и споделување на веста по милион пати на сите социјални мрежи …

Но, донекаде, Шешељ е логичен со изјавата, дека само српската јужна бановина станала држава, од трите дела на Македонија …! Тоа е делот на Србија … Шешељ милиметарски тошно го одбира и моментот кога го кажува тоа …

Следниот месец, некаде во Франција, ќе се одбележи 100 години од крајот на Првата светска војна. Догодина, 2019, ке се одбележи и 100 години од одржувањето на Версајскиот мировен договор! Да не заборавиме дека со тој Договор беше оверена поделбата на Македонија од 1912 и 1913, и нејзиното исчезнување на подолг период како можност за држава … !? Вмровците кои редеја разни водачи во годините што следеја, се до нивното распуштање во триесеттите години на 20 век, почнаа да се убиваат мегу себе, секој од нив одработувајки за по некој двор (српски или бугарски) … Исто како и Тодор Александров, во фрагментот цитиран од Никола Груевски, кога му се обратил на Александар Протогеров (што станало меѓу нив подоцна само еден господ знае оти и двајцата загинале во атентати).

Сакам да кажам дека пред 100 години никој не не праша за што се бориме, кои сме, и каде сакаме да одиме! Таква шанса како народ не им беше дадена на нашите дедовци и татковци. Едноставно не поделија!

Денес сме прашани од страна од надвор кои сме всушност ние? На нас е да си кажеме … Шансата беше на референдумот да потврдиме дека сме Македонци …

Јас мислам дека референдумот сепак беше успешен. Многумина, многу илјади како мене мислат исто! Но, ВМРО ДПМНЕ и неговите сателити во вид на физички лица, фирми, некои партии и закрепостени здруженија не мислат така, бојкотирајки го референдумот и блокирајки го процесот на европска и НАТО интеграција на Македонија …

Што мислите кој е во право? Се разбира дека ние, добронамерните и прогресивните, за иднината на Македонија сме во право! Само ке треба малку време да се докаже и покаже тоа. И затоа референдумот е успешен! Сепак не е убедлив!?

Зошто? Па затоа што духот на Тодор Александров сеуште шета по Македонија! Македонија и целиот народ во неја страда од менгемето свое и наковалната своја. Многу луѓе веке го препознаа тоа, но многумина од нас останаа заробени во стогодишните приказни кои го објаснуваат македонскиот самоубиствен нагон …

Многу луге во неделата на референдумскиот ден не излегоа да гласаат. Најголемиот број од нив се клиентелистите на сите сите власти во последните 27 години. Колку што трае македонската независност. Истите се …

Тоа се “лордовите на таа интелектуална и деловна матна структура”, носителите на државни функции и сопствениците на капиталот – тој невидлив управен одбор на Македонија …

Едната половина од таа група се “олоши” кои во раните деведесетти тргнаа со амбициите да бидат Џон Кенеди, а завршија во костимите на Дон Корлеоне.

Другата половина кои тогаш почнаа како Дон Корлеоне, а денес сакаат да бидат Џон Кенеди … Нека се пронајдат кој каде се наоѓа во овие две парчиња од македонскиот голем дел од пеколот … Во услови кога слободоумниот и прогресивен македонски свет забрзано се исселува неможејки да ги поднесе неправдите и бесперспективноста.

Оваа ревија на “темни македонски лептири” континуирано ја држат Македонија на курсот на пропаст.

Или како што и Светската банка од Вашингтон во еден свој извештај од 2002 година напиша – ја држат во состојба на “ниска реформска рамнотежа” (демек нешто добро и развојно се случува, а всушност ништо не се случува).

Оттука, и референдумскиот ден покажа дека, тоа што не го прави македонската итроштина и мудрост во отсуство на храброст да им “скршиме кичма”, секако многу брзо ке го направи, како и секогаш во историјата – македонската немоќ.

Оттука, драги мои, нашата мисија сега, откако едноставно мораме да се интегрираме во НАТО и да тргнеме кон Европа, е силно спротивставување на нагоните на некои, Македонија да ја претворат во “капела”.

Текстовите што ги пишувам, и во кои секогаш сум пристапувал искрено, и без остаток, како за луѓето, така и за настаните, од врвот на македонската агенда, во кои ТИЕ носеја “пресуди за должината на нашите животи”, нашите бизниси, нашите професии, и начинот на кој ке живееме, всушност го исцртуваа мојот и нашиот список на идеолошки непријатели (барем така сум сакал да биде). И тука нема да има компромис.

Затоа со овие реченици сакам сегашните општествени процеси во Македонија да ги направам видливи, затоа што ТИЕ не се националисти, туку “лопови”, затоа што во нивните глави не станува збор за Македонија туку за пари и да не одат во затвор …

Решение?

Решението е … или ке се свестат и ке гласаат во Парламентот, или на брзи избори ке бидат поразени, па, пак, ке се гласа во Парламентот и Договорот ке помине. А тие веројатно ке се свестат, но, тоа тогаш нема да биде важно …

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×