Не се знае колку од општините се самоодржливи и дали се подготвени да ги преземат обврските од децентрализацијата
Објавено на од во Економија
Општините да испорачуваат квалитетни, ефикасни и навремени услуги за граѓаните и за фирмите, но и да бидат финансиски самоодржливи, се двата клучни аспекта што ќе се бараат во преговорите за членство во ЕУ во сегментот децентрализација, беше речено на денешната последна од трите регионални конференции „Партнерство за забрзана децентрализација, инклузивен и оддржлив развој”.
krushevo-1-208457Земјава засега нема прецизен податок, како што рече градоначалникот на Скопје и претседател на ЗЕЛС, Петре Шилегов, колку од општините засега се финансиски независни и работат самостојно, без поддршка од централната власт. Допрва треба да се направи таквата анализа, но и да се процени колку од единиците на локалната самоуправа во иднина ќе можат да одговорат на обврските и на ингеренциите кои природно ќе ги стекнат со децентрализацијата.
„За децентрализацијата нема еден модел. Секоја земја го реализира на свој начин, согласно своите специфики. Кога ќе ги отвориме преговорите за членство со Северна Македонија што очекувам, ќе се случи многу брзо, администрацијата ќе биде една од клучните области. Во однос на децентрализацијата се важни две работи: испораката на услугите за граѓаните и фирмите – едноставно, брзо, лесно издавање документи, изводи, потврди, за раѓање, брачна состојба, дозволи за животна средина,… Тоа ќе го бараме во преговорите, но исто така и финансиската одржливост – општините да имаат доволно финансии, со помош на централната власт или од сопствени приходи. Не сакаме да видиме повторно мерки како онаа кога власта го презема акумулираниот долг“, порача Фрејк Јанмат од Делегацијата на ЕУ.
Според Шилегов, системот на финансирање на општините треба да се смени, да се децентрализира како што се децентрализираат сите други ингеренции кои им припаѓаат. Притоа е битно да не се избрза со решението.
„Немаме бројка колку од општините засега се самостојни и независни. Но, имаме потешкотии во скоро сите единици на локалната самоуправа поради нивното лошо раководење во минатото и преземањето обврски кои не можеле да ги износат. Низ конференции како оваа ги отвораме овие процеси, да видиме колку од постојните општини во територијална смисла се самоодржливи и колку може да бидат одржливи ако се смени системот на финансирање. Согласно тоа ќе ги направиме и потребните законски измени и во делот на финансирањето, но и во територијалната распредлба ако се утврди дека е потребно што е посериозен политички процес“, објасни Шилегов.
На прашањето дали очекува нова финансиска инјекција од централната власт, Шилегов одговори дека наредниот викенд раководството на ЗЕЛС ќе разговара со Владата во оваа насока. Дали евентуална поддршка ќе влезе во ребалансот на годинашниот буџет или ќе биде дел од проекциите за наредната година, ќе се дефинира на таа средба, истакна градоначалникот.
Лани Владата обезбеди околу 50 милиони евра за покривање на дел од долговите на општините.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×