Не трговската, туку технолошката војна ќе ги направи ретките метали уште поважни
Објавено на од во Економија
До денес, Кина контролира околу 85% од глобалната испорака на т.н „технолошки метали“, т.е оние метали кои се потребни за производство на паметни телефони, турбини на ветер, електрични возила, оружје и друго.
багерВо 2018 година, владата на САД излезе со извештај во кој се вели дека земјата во голема мерка зависи од воведувањето клучни ретки елементи, што е  нејзината „ранливост, како во економски аспект, така и во сферата на одбраната“.
Пред време САД, изрази страв дека Кина може да го ограничи извозот на вакви елементи како одговор на наметнатите царини. Причината е што азиската држава добива доволно од нив за да одговори на внатрешното побарување, а пак САД во моментов не може да обезбеди доволно од нив за американскиот пазар.
Според зборовите на извршниот директор на USA Rare Earth, Пини Алтаус, , ова ќе продолжи да претставува проблем за Вашингтон дури и при прекин на трговската војна.
„Трговската војна ќе заврши, но нема да ја промени политиката за складирање вакви важни метали“, рече тој.
„Трговскиот конфликт предизвика внимание за ретките метали. Конкуренцијата во областа на технологијата или војната за технологија ќе продолжи да биде од големо значење“, вели тој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×