Не за 50, туку податоци за 87 милиони корисници на Facebook имала Cambridge Analytica
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Марк Закерберг синоќа одржа телеконференција со новинари на која одговараше на нивни прашања, и се обиде дополнително да го појасни скандалот во кој Facebook западна поради недоволно добра заштита на приватните податоци на корисниците.

Според неговите зборови, аналитичката компанија Cambridge Analytica, добила, преку неовластено собирање, податоци за дури 87 милиони корисници на Facebook, а не за 50 милиони како што првите извештаи покажуваа.

Закерберг вели дека станува збор за конечна бројка, и оти Facebook секако има одговорност за оваа ситуација. Инвеститорите ги смири со информацијата дека во последниве недели поради овој случај не е забележан пад на приходите од реклама, и потврди дека нема да се повлече од челното место на компанијата.

Од Facebook во пригодата беше објавено дека се воведени нови безбедносни мерки за заштита на податоците на корисниците. Тие примарно се однесуваат на различни API (Application programming interface) што се интегрираат во Facebook, а се користат за развој на апликации – на овој начин и „истече“ огромна количина податоци од социјалната мрежа и завршија во рацете на политичките аналитичари и манипулатори.

Facebook отсега ќе ги блокира API, да не можат да пристапат до податоците надвор од своето подрачје, а на надворешните апликации ќе им биде блокиран пристапот до лични податоци како што се политичката или религиската определба, податоци за пријателите, за образованието, за работното место …

Од следната недела на корисниците ќе им биде многу потранспарентно прикажано и кои апликации им се поврзани со Facebook, и кои приватни податоци за нив се разменуваат. Ќе биде едноставно кој и да е од овие податоци да се избрише.

Закерберг ќе сведочи за скандалот со Cambridge Analytica пред истражна комисија на американскиот Конгрес на 10 и 11 април.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×