Недостигот на квалификувани работници е најголема пречка за поголемо производстсво во прехранбената индустрија
Објавено на од во Компании

IMG_2109Недостигот на квалификувана работна сила е фактор кој има најголемо влијание во ограничувањето на обемот на производството во прехранбената индустрија, покажува последната анкета направена со раководителите на деловните субјекти од оваа индустрија, а која редовно ја објавува Државниот завод за статистика.
“Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 22.7%, недоволната домашна побарувачка со 18.7%, недоволната странска побарувачка со 17.5% и неизвесното економско опкружување со 10.4%”, се вели во Анкетата.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни 2018 година изнесува 67.8% од нормалното
искористување.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јуни 2018 година е поповолна во однос на претходниот
месец, а поповолна е и во однос на јуни 2017 година. Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јуни 2018 година е зголемен за 0.3 процентни поени во однос на мај 2018 година и изнесува 19.8, а во однос на јуни 2017 година е зголемен за 2.4 процентни поени.

Раководителите на деловните субјекти во прехранбената индустрија изјавиле дека очекуваат бројот на вработени да порасне во следниот период..

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×