Неколку европски банки погодени од падот на турската лира
Објавено на од во Економија

Turcija 4Шпанската Банко Билбао Аргентариа, француската Парибас, и британската Хонгконг и Шангај Банкинг корпорејшн ХСБЦ се меѓу банките кои забележаа пад на акциите, во време кога Турција се соочува со валутна криза и кога се засилува дипломатскиот конфликт на САД со Турција.
Во јуни годинава САД двојно ги зголеми царините за увоз на челик и алуминиум од Турција, за челик на 50% и за алуминиумот на 20 %, поради одбивањето на Турција да го ослободи американскиот пастор Ендру Брансон, кој е обвинет за шпионажа и тероризам во Турција.

Овие потези предизвикаа голем пад на турската лира од околу 30% во однос на доларот од почетокот на годинава. Падот на лирата освен проблеми за турските граѓани и компании создава проблеми и загуби за европските банки, посебно за оние кои имаат удели во турските финансиски институции и кои имаат изложеност кон турската економија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×