Неколку скици пред носењето на Буџетот за 2019!
Објавено на од во Коментари и анализи
zikov za kolumna-2Владата ќе води политика на обемни буџети. Тоа е добро. Повеќе години, на овие страници, и во други форуми, лично се залагам за политики на поголем државен bуџет (со задолжување, затоа што друга опција сега нема). Затоа што за да влезе во фазите на високи стапки на раст, над 5% годишно, Македонија ќе треба најнапред да создаде услови за тоа. А тоа е реалокација на инвестициите од едни сектори во други сектори кои ќе бидат мотори на тој раст. Тоа не може да се очекува да го направат компаниите сами преку банките.

 

Минатата недела на ова место се обидов аргументирано да објаснам зошто сум против зголемувањето на стапката на данокот на приходите над линијата што ја предлага Владата! И напишав дека ако е тоа добар сигнал за оној дел од граѓаните кои не остваруваат приходи, остваруваат помали приходи вработени во фирми и во администрација, или оние кои седат без работа, кои, пак, сега демек ќе бидат побогати ако на овие кои остваруваат поголеми приходи им се откине од заработката … дотогаш е тоа лош сигнал за сите оние кои работат и по две три работи за да остварат поголеми приходи, отвораат свои бизниси помали и поголеми, ангажираат разновиден капитал, се појавуваат на банкарскиот пазар да земат кредити т.е. да „купат пари„ на кои имаат трошок, отворајќи нови работни места ангажираат нови контингенти невработени и тие се тие кои всушност ги полнат здравствениот и пензискиот фонд, инвестираат во фабрики помали и поголеми, произведуваат… И што е најважно во последните години темата извоз стана некако секојдневна во разговоротите кај оваа категорија македонски граѓани. И што е многу важно плаќаат даноци! Зборуваме за граѓани за кои секој нов ден е нова среќа во Македонија затоа што се што е поврзано со бизнисот – од законите до можностите и климата за бизнис се е тука нестабилно. Да не редиме …

Оваа категорија граѓани во Македонија во сите 27 години независна држава е обележана како категорија нужно зло за општеството, по дефиниција „можна криминална група„ или „злосторничко здружение„! А всушност, кога добро ќе се погледаат фактите целото општество функционира и диши, онолку колку што диши, токму на „белите дробови„ на бизнисот! А бизнисот функционира со огромно количество стрес и ризик.

На пример, замислете го македонскиот буџет, каков би бил, ако државата почнува да бележи намалени приходи од даноци!? И тоа да биде забрзано, затоа што многу граѓани решиле да ги прекинат деловните операции и бизниси овде, се исселуваат претприемачи, а не вработени во јавната администрација. Јас не сум слушнал дека овие од администрацијата размислуваат дека овде не им е добро и дека ќе се селат. Се исселуваат потенцијални претприемачи, покренувачи на проекти, луѓе кои сонуваат со отворени очи. И кои заработуваат, се разбира. Повеќе од другите.

Но, денес сакам претходната тема да ја поврзам со другата голема тема, а тоа е Буџетот за 2019 година.


Македонската економија не поседува силни компании, па ако сакате не поседува ни силни банки, што можат да ја пратат стратешката цел – високи стапки на раст од 5%, и тоа повеќе години едно по друго. Тие се многу задолжени, квалитетно изрекетирани од претходната власт, а тоа рекетирање траеше 11 години, „исцедени„ како лимон, а основачите на тие фирми, менаџерите, па и работниците се крајно демотивирани за да продолжат да работат, … и сега лежат полумртви на она што значи „економска површина„ во период после цунами. Дополнителен проблем е што младите луќе кои треба да бидат контингентот на нови претприемачи и покренувачи на бизниси, забрзано се исселуваат. И во овој момент.


 

Буџетот за 2019!

Има нешто доволно моќно кај оваа Влада, што сакам да го потенцирам во денешнава колумна, а тоа е нејзината дрскост да отвори и “пукне” толку суштински прашања! Не мислам само на новиот закон за зголемување на даночната стапка кај приходите, за што како што наведов, не се согласувам оти мислам дека има многу подобри и покреативни можности!

Тука мислам на доктрината и подготвеноста на Владата да се зголемизадолжувањето на земјата. И тоа може да се види и во проекциите за Буџетот за 2019 година, кој треба да биде најголем во историјата на земјата, некаде околу 3,7 милијарди евра.

Што сакам да кажам?

Разликата меѓу оваа влада и претходната на Никола Груевски е што претходниот премиер и неговиот тим агресивно се задолжуваше, но молчеше. Ако може никој да не знае и да не слушне. Тоа го правеше на нетранспарентен начин, арогантно со единствена намера да не кажува за да не го прашуваат, и да не му предлагаат како да ги троши парите што ги позајмува. Тие што не пиеја нафта и прашуваа, завршуваа со казни, некои и со притвори, а на некои им се затвораа бизнисите. Кармата си го направи тоа и денес овој лик преживува своја лична деструктивна драма пред очите на целата светска јавност. За почеток на оваа драма ене го чмае во Унгарија.
А видовме како ги трошеше парите!? Ја задолжи земјата, а граѓаните на кои толку ревносно се повикуваше, ословувајќи ги како „народот„, ги удави во историја, евтина архитектура и безперспективност. Драматично задолжени по глава на жител, без сценарио што може да се прави во оваа земја, за секој да има шанса и обид за излез од сопствената лична драма, луѓето се исселуваат!

Сега живееме со спомениците и историјата, еден покрај друг. Јадеме од тоа. И сејадеме меѓу себе. Отуѓени, неразбрани, немоќни, поразени, сиромашни … Спомениците ни се се што имаме. Како што вели еден мој пријател – „народ со толку многу споменици и приказни сигурно заслужува подобра историја и географија„.

И, пак, задолжени. Она што боли е дека, некако како општество, сме и без идеја.

Буџетот, буџетот, буџетот!

Оттука, проценувам дека е исправна доктрината на ново континуирано задолжување за повисоки економски цели! Повеќе капитални инвестиции, инфраструктурно нови предизвици-патишта, мелиорации, канали за наводнување, гасификација, брани … Македонија е мала земја, малку луѓе живеат овде и квалитетот веднаш ќе се почуствува. Оттука, тргнувајќи од оваа доктрина која укажува дека Владата и неколку министри таму со премиерот на чело, добро разбираат во што е поентата, може да се заклучат неколку важни работи:

Прво, Владата ќе продолжи да се задолжува, што е добро. Тоа што го гледаме е дека таа прилично јасно го кажува тоа. Го прави транспарентно и дозволува дебата.

Второ, Владата на Зоран Заев признава дека долгот на државата што го остави владата на Никола Груевски е со лоша структура. Практично,ќе мора да се врати агресивно и принципиелно, како што е договарано со меѓународните кредитори и домашните банки … Но, при тоа се гледа дека Владата се заложила да се изгради нова, поквалитетна позиција на Македонија пред меѓународните кредитори за да биде покредибилна за нови задолжувања. Најавата дека во следните години ќе треба да се задолжиме околу 2,1 милијарда евра упатува на токму тој заклучок. Добро е ова.

Второ, ќе се води политика на обемни буџети. Тоа е добро. Повеќе години на овие страници и во други форуми, лично се залагам за политики на поголем државен буџет (со задолжување). Затоа што за да влезе во фазите на високи стапки на раст (над 5% годишно) на БДП (бруто општествен производ), Македонија ќе треба најнапред да создаде услови за тоа. А тоа е реалокација на инвестициите од едни сектори во други сектори! Сектори кои ќе бидат мотори на тој раст.

Тоа не може да се очекува да го направат компаниите сами преку банките. Затоа што македонската економија не поседува силни компании, па ако сакате не поседува ни силни банки, што можат да ја пратат оваа стратешка цел. Дополнително македонските фирми во моментот се многу задолжени, квалитетно изрекетирани од претходната власт цели десет години! Основачите на тие фирми, менаџерите, па и работниците се крајно демотивирани за да продолжат да работат … и сега лежат полумртви после цунами. Дополнителен проблем е што младите луќе кои треба да бидат контингентот на нови претприемачи и покренувачи на бизниси, забрзано се исселуваат. И во овој момент.

Оттука, она што Буџетот мора да го направи, а се гледа дека со годинашниов предлог, тоа се прави, е државата да се појави како главен играч во остварување на стратешката цел – постигнување на високи стапки на раст 5% до 6% и повеќе. Проценката е дека овој раст ќе се обезбеди повторно во секторите каде покрива градежништвото, особено делот на изградба на нови патишта, пругата кон Бугарија и друга инфраструктура. Оваа влада се разликува од претходната по тоа што суштински ги разбира работите. И недостига само делот околу реализацијата …

Не дека и Груевски сево ова не го разбра на крајот од својата премиерска кариера, но да беше суштински поискрен тоа ќе го правеше секоја година во голем дел и со сопствениот финансиски потенцијал. За патиштата, пред Кинезите да му ги дадат кредитите, велеше дека не се потребни оти демек немало доволно сообраќај за да се тркала по тие патишта. Така велеа тој и неговите, оти домашниот Буџет го трошеа бадијала на самозадоволства.

Трето, ако се земе во предвид фактот што голем дел од Буџетот е фиксен трошок за се што е јавна администрација, социјални трансфери и други условно речено крајно непродуктивни расходи, тогаш обемниот буџет значи дека е предвидено и екстра полнење (финасирање на буџетскиот дефицит) затоа што се зголемиле и средствата за капитални инвестиции и други субвенции. Ова само по себе ја илустрира развојната компонента на Буџетот.

Сево ова, и уште неколку нешта на кои ќе се задржам во наредните колумни за Буџетот, покажува дека оваа влада сака да тргне во контра напад против ниските стапки на раст на македонската економија. Ако ваквиот буџет предложен од Владата на Зоран Заев, се вкрсти во анализа со предложените пакети на мерки за стимулација и поткрепа на македонските компании, кои почнаа да се реализираат порано пред неколку месеци, тогаш се добива појасната слика, а тоа дека освен „контрата„ што се планира како цел за видливо зголемување на БДП, ќе биде пропратена со стабилизирање на полнењето на Буџетот преку даноците, со зголемување на обемот на нови компании и даночни обврзници. Значи, стартување на нови проекти и нови компании. Што во основа е здрава политика.

И тоа е тоа. Друго нема, оти многу е просто. Овде дилемата останува во делот на структурата на македонското стопанство. Дали има кој да чита, да слушне, да прими и да реализира … Се покажа на многу случаи во минатото дека апсорпционата моќ, не само на стопанството, туку и на општеството во целина, е многу мала.

Поедноставно кажано, овде не само што луѓето се исселуваат од земјата, туку тие што остануваат не знаат ниту да трошат, а камоли да заработуваат … Секоја чест на исклучоците.

Оттука, треба да бидеме задоволни. Имаме добар Буџет. Навивам догодина уште поголем Буџет да се направи, но овој квалитетно да се потроши. Значи, курсот е добар! Буџетот ќе мора да се полни … Значи, внимавајте од кои извори ќе го полните и на кои потреби и проекти ќе го потрошите …

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×