Неколку стотици граѓани на протест пред Уставниот суд
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Неколку стотици граѓани попладнево излегоа на протест пред зградата на Уставниот суд во знак на револт откако утрово судиите ја изгласаа иницијативата со која претседателот на државата ќе може да помилува осуденици за изборен криминал. Граѓаните им покажаа црвени картони на уставните судии што гласаа „за“ прифаќање на оваа иницијатива, извикуваа „нема правда, нема мир“, а дел од нив фрлија и јајца кон зградата на судот.

Оваа одлука на Уставниот суд доаѓа откако Специјалното обвинителство го отвори предметот „Титаник“ со кој се истражуваат изборни нерегуларности во кои се вмешани актуелни и поранешни функционери.

Иницијативата ја поддржаа судиите Никола Ивановски, Елена Гошева, Јован Јосифовски, Вангелина Маркудова и Владимир Стојановски.

Само за потсетување, овој Закон  во 2009-та го потпиша поранешниот претседател Бранко Црвенковски, а во кој се наведува дека претседателот нема повеќе да има надлежност да помилува лица кои ќе бидат осудени за изборни нерегуларности.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×