Нема алтернатива за членството во ЕУ, регионален самит за потврда на евроинтеграцијата на Западен Балкан
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Нема алтернатива за членството во Европска унија и земјите од Западен Балкан треба да одржат Самит на кој ќе се отфрлат идеите за алтернативи за евроинтеграцијата, порача од Тирана претседателот Стево Пендаровски.
-balkansПендаровски оцени дека вчерашната средба со албанскиот колега Илир Мета се одвива во вонредни услови откако пред една недела двете земји не ги почнаа пореговорите со ЕУ и потенцираше дека и покрај тоа „единствен пат е членството во ЕУ, а секоја друга идеја е неприфатлива“.
Пендаровски на средбата со Мета предложи земјите од Западен Балкан да одржат вонрден самит на кој ќе се зборува за проширувањето на ЕУ и за добрососедските односи и на кој би се отфрлиле сите алтернативи на евроинтеграцијата. Доколку има согласност за тоа, домаќин на самитот би била Северна Македонија.
Премиерот Зоран Заев вчера, исто така, порача дека Северна Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ и оти се надева дека до Самитот во Загреб во мај европските лидери ќе ја корегираат големата неправда и историската грешка за одложување на одлуката за почеток на пристапните преговри.
– Низ дисусијата која треаше до рано наутро на 19-ти беше потврден успешниот процес на реформи и придобивките што ги имаме направено, договорите со Грција и Бугарија како трајни европски придобивки и очекуваме на следниот Европски совет да биде донесена позитивна одлука, кажа премиерот.
За тоа што бара Франција во контекст на реформите на процесот на проширување и за се погласните идеи наместо евроингеграција на земјите кандидадти да им се понуди стратешко партнерство, Заев рече дека тоа се уште не е формализирано.
– Останува ние да работиме, а кога е Европската унија ќе одлучи нека ни го каже тоа. Ние немаме друга алтернатива освен ЕУ, истакна Заев.
Европските либерали на конгресот во Атина  едногласно усвоија резолуција за европската перспектива на Северна Македонија.
– Процесот на проширување на ЕУ мора да продолжи, секоја земја мора индивидуално да се оценува, а веќе на следниот состанок на Европскиот Совет на Северна Македонија треба да и се определи датум за почеток на пристапните преговори со Унијата, без евентуалната промена на методологијата на преговорите да има влијание врз почетокот на преговорите, се заклучоците во резолуцијата за нашата земја, што едногласно беше усвоена на 40-тиот конгрес на Европската Алијанса на либерали и демократи (АЛДЕ).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×