Нема договор за медиумите пред оценката на ЕУ и САД за условите за избори
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

И последната вечер пред ЕУ и САД да објават оценка дали има услови за фер и демократски избори на 24 арпил, преговорите за реформи во медиумите завршија без договор. Според белгискиот олеснувач на преговорите, Питер Ванхауте, за неуспехот се одговорни сите претставници на политичките партии. Вчеравачер каменот на сопнување бил составот на Агенцијата за медиуми.

„Се обидуваме да најдеме добри решенија, за Агенцијата да биде навистина независна, бидејќи тоа е многу важно за сите, и за да може да функционира правилно“, рече Ванхауте.

Тој во доцните вечерни часови направи две објави на Twitter – во првата напиша дека „не е постигнат договор за медиумите“, и оти „нема закажано натамошни преговори, освен ако партиите не го побараат тоа“. Нешто подоцна Ванхауте напиша и дека „медиумската реформа останува итен приоритет“, и оти сугерира враќање на преговарачката маса.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×