Нема договор за влада со министри од СДСМ – Заев најави дека сега сѐ е можно
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Како и што се очекуваше, според сите индикации од претходните два дена, рокот за избор на новите министри и заменици-министри е пробиен. Четирите партии потписнички на Договорот од Пржино не се договорија околу ингеренциите на идните членови на Владата. Работните групи почнаа со работа вчера околу 17 часот, а некаде по полноќ завршија без договор. Со Протоколот од Пржино од 15 јули, рокот за избор на новите членови на Владата е одреден за 20 октомври. СДСМ треба да предложи министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика, а ВМРО-ДПМНЕ во овие ресори да има свои заменици; опозициската партија уште треба да добие заменици-министри во министерствата за финансии, за информатичко општество и администрација, и за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од СДСМ вчера најавија дека ако нема договор до полноќ (се мисли на вчерашната ноќ) сите опции се возможни, иако, не прецизираа на што конретно мислат. Веројатно и на тоа дека ќе продолжат да објавуваат политички „бомби“.

Што е спорот околу новите министри и заменици?

Спорот околу имплементацијата на овој дел од Договорот од Пржино е околу ингеренциите на министрите и правото на вето на замениците-министри. Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека Договорот предвидува министерите што би биле избрани по предлог на СДСМ само технички да ја извршуваат функцијата, односно, да се занимаваат исклучиво со технички работи, поврзани со организирање на изборите. Во владејачката партија, според брифинзи од преговарачите, се противат на можноста овие министри да прават кадровски промени, на пример во МВР, со менување раководители, началници … Според СДСМ, пак, тие треба да имаат целосни министерски ингеренции.

Во однос, пак, на замениците-министри, ситуацијата е обратна – ВМРО-ДПМНЕ бара тие да имаат право на вето за сите прашања, а од СДСМ ова право бараат да важи само за прашања поврзани со изборите.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×