Неочекуван удар за Ципрас, ЕЦБ ја скрати помошта за Грција
Објавено на од во Економија
Одлуката стигнува само неколку часа, откако Грција се пофали дека Европската централна банка ќе им помогне

Европската централна банка ненадејно одлучи повеќе да не ги прифаќа грчките обврзници како осигурување за заемите, со што товарот е префрлен врз Атина и Грчката централна банка, која е принудена да ги финансира банките.

Неочекуваната одлука на Европската централна банка, којашто значи дека Грчката централна банка мора да обезбеди десет милјарди евра за итни заеми во седмиците кои претстојат, е предизвикана од тоа што многумина во Франкфурт сметаат дека новата грчка влада треба да се откаже од спроведувањето на меѓународната програма за помош условена со структурни реформи, остри мерки за штедење и приватизација на државните компании.

Одлуката е објавена синоќа, неколку часа по состанокот на новиот грчки министер за финансии, Јанис Вароуфакис, со претседателот на Европската централна банка, Марио Драги, кој потврдил дека ЕЦБ „ќе стори се’ што е потребно“ како би помогнала на Грција“.

Меѓутоа, се случи токму спротивното. Одлуката на ЕЦБ, за којашто беше потребна подршка од повеќето гувернери на централните банки од земјите од еврозоната, покажува дека плановите на новата грчка влада ги запрепасти многумна, не само во Франкфурт, туку во целата еврозона.

Одлуката којашто на сила стапи на 11-ти овој месец, значи дека грчките државни обврзници вредни десетици милјарди евра, како и обврзниците на банките кои ги гарантира Атина, повеќе не можат да бидат прифатени како залог во замена за заемите на ЕЦБ. Наместо тоа, Грчката централна банка ќе мора на грчките банки да им осигура итни заеми, а ризикот да го сноси сама. Доколку грчката централна банка поради тоа падне во потешкотии, грчката влада ќе мора да побара помош, што за неа нема да и’ биде нималку лесно.

Неочекуваната одлука е донесена веднаш, откако грчката влада ја повика ЕЦБ да ги одржи во живот нејзините банки, додека не договори ублажување на долговите со партнерите од еврозоната. ЕЦБ преку овој потег дефинитивно ја одби оваа одлука, дополнително отежнувајќи ја ситуацијата во која се наоѓа Грција.

По оваа одлука, грчките банки се најдоа во тешка позиција. Две од нив добија итна помош од Грчката централна банка, поради големиот одлив на депозитите на граѓаните, по изборната победа на радикалната левица, СИРИЗА.

Без подршка од доверителите и ЕЦБ, Грција би можела да се најде во тешка финансиска криза. Без пристап до пазарите поради големите задолжувања, грчката влада има доволно пари за уште само неколку месеци, а на лето ќе мора да врати околу 10 милјари евра од долгот.

Одлуката на Европската централна банка веднаш се одрази и врз курсот на еврото, кој падна во однос на американскиот долар. Еврото синоќа вредеше 1,1341 долара, спрема 1,1479 во вторникот и во истото време, односно 1,1423 пред објавата на одлуката на ЕЦБ.

Отпор од Германија

Владата на Алексис Ципрас најави дека во рок од еден месец, ќе подготви предлог-измени за должнички договор со своите меѓународни партнери, и дека до тогаш ќе земат нова „транша“ од помошта.

Но, Германија се противи на нејзините планови и очекува Грција да отстапи од ветувањата за зголемување на минималната плата, запирање на продажбата на државно земјиште, вработување на отпуштените работници во јавниот сектор и враќање на надоместоците за сиромашните и старите лица. Берлин се противи и на контролата од страната на ткн „тројка“ меѓународни доверители за тоа како се спроведуваат реформите во Грција.

Оваа седмица, Ципрас и Вароуфакис ќе се сретнат со високи европски челници низ Европа, со цел да обезбедат подршка за рестуктурирање на долгот кој изнесува 175 отсто од БДП-то.

Меѓуатоа, тие наидоа на студен прием, дури и од лево ориентираните власти, како во Франција и Италија, од кои очекуваа подршка.

Францускиот претседател Францоас Оланд, порача дека правилата во еврозоната важат за сите. Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, инаку социјалист, предупреди дека Грција ризикува стечај, доколку не ги почитува обврските спрема европските партнери.

Ципрас после разговорот со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, рече дека Грција ги почитува правилата на Европската Унија и дека ќе пронајде решение за економските проблеми во рамки на европските закони.

После состанок со Драги, Вароуфакис изјави: „ЕЦБ е централна банка за Грција. ЕЦБ ќе направи се што е потребно, како би ги подржала земјите членки на еврозоната.“

Вароуфакис денеска ќе се состане во Берлин со својот германски колега Волфганг Шојблем.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×