Според првичните резултати што ги објавува Државната изборна комисија на својата веб страница, што се менуваат од минута во минута, според тоа како пристигнуваат податоците, кандидатите за градоначалници на СДСМ водат во 43 општини, на ВМРО-ДПМНЕ во 14 општини, а на ДУИ во девет.
Но, ова се резултати според обработени 42,18% од гласовите (толку досега ДИК успеала да обработи, со оглед на процедурите), но, во меѓувреме, на преброен поголем број гласови, информациите од СДСМ се дека водат во 47 општини во градоначалничката битка, од кои во 34 победата ќе значи избран градоначалник во првиот круг.
Од скопските општини СДСМ прогласи победа во првиот круг во Центар, во Аеродром, во Карпош и во Ѓорче Петров, а во втор круг кандидатите на оваа партија ќе влезат со предност во Бутел, во Кисела Вода и во Гази Баба.
ВМРО-ДПМНЕ е во водство во 15 општини, од кои во дел се очекува да победи во првиот круг.