„Нешнл географик“ ја стави Македонија во топ-28 дестинации за патување во 2019
Објавено на од во lifestyle

Неодамнешните вести за долготрајниот спор на Македонија со Грција го свртија вниманието кон малата балканска нација, пишува во најновото издание на Национална географија, кое ја предлага Македонија како една од 28 дестинации за најдобрите патувања во 2019 година.

nationalgeographicog.ngsversion.1530540626597.adapt.945.1

Преспанскиот договор и решавањето на спорот со Грција го привлеко вниманието на „Нешнл географик“ пред да одлучи Македонија да ја стави во топ-28 дестинации за патување во 2019-та, велат од таму за Гласот на Америка.

Ова го потврдува уредничката на магазинот, Ејми Алипио,  која потврди дека критериумот не е лесен и претходно се прави осумгодишна анализа пред да се донесе одлуката за влез во изборот.

„Всушност Македонија беше на нашиот радар во последните неколку години. Секогаш бараме места кои можат да се опишат во суперлатив. Оваа година Македонија ни го привлече вниманието и со дебатата за промена на името. Македонија ја сместивме во категоријата на авантуристички дестинации, иако земјата има многу археолошки, историски и културни богатства, сакавме да ја нагласиме нејзината авантуристичка страна,“ вели Алипио за Гласот на Америка на македонски.

Покрај Македонија, на листата се егзотични земји како Мексико, Сенегал, Бразил, Нов Зеланд, Колумбија, но и онакви со умерена клима како Швајцарија и Германија.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×