Нешто ќе пука – или нови „магични граници“ или уште еден ивестицискиот меур
Објавено на од во Teхнологија

Businessman Control with Bitcoin TechnologyБиткоинот во 2018 година

Краткиот одговор на прашањето за судбината на биткоинот во 2018, што го даваат луѓето со подолго емпириско паметење во секторот е: Продолжете да инвестирате – бидете трпеливи – ќе ви се исплати. Но, банкарите ќе речат: Сите феномени што го следат настанувањето на еден „меур од сапуница“ се присутни во приказната за биткоинот. Останува заклучокот дека што и да се пишува на темата, во овие услови нема да даде уверлива основа за или против инвестирањето во биткоин или во други криптовалути

 

bitcoin-graph WEB 948Вредноста на биткоинот последниот месец од годинава која тукушто завршува неколкупати пробиваше „магични граници“ и достигна речиси 20.000 долари, за пред неколку дена да се урне до околу „само“ 11.000. Иако овој пад траеше кратко и веќе истиот ден, 22 декември, цената на биткоинот почна да закрепнува, кај оние за кои светот на криптовалутите е сѐ уште помалку-повеќе енигма, но во истовреме и примамлива можност за брза заработка, прашалниците, односно стравувањата поврзани со најцрните прогнози се зголемија, и тоа токму кога на прагот е новата година.

Краткиот одговор за биткоинот во 2018, што би требало да биде утешителен зашто доаѓа од луѓето со подолго емпириско паметење во секторот е: Не грижете се – ваквиот пад не е ништо ново и необично во историјата на биткоинот – бидете трпеливи – ќе ви се исплати.

Причините поради кои биткоинот (кој 2017 ја почна на ниво/цена од околу 1.000 долари, за со своето поведение потоа да ги направи сосем основани очекувањата дека до крајот на годинава ќе ја пробие и магичната граница од 20.000 долари) накратко загуби од вредноста не се познати – и упатените само претпоставуваат, барајќи на која лоша вест за најпознатата криптовалута вака би реагирал пазарот, од видот на најавите за нова регуалција за криптовалутите во Русија, или сомневањата дека вработените во една од најпознатите менувачници на криптовалути, Coinbase, тргувале со инсајдерски информации откако Bitcoin Cash (BCH – еден од „форковите“ на биткоинот) се најде во нивната понуда (наCoinbase) …

Како и да е, Mashable (познатиот сајт за технологија) ја долови поентата на ветераните во криптовалутниот бизнис, кога на денот кога падна биткоинот (22 декември) напиша дека не треба да се заборави оти неговата цена е уште за 30% повисока отколку на 1 декември, и дури 1.300% во однос на почетокот на 2017.

Но, да се вратиме на прогнозите. На пример, Saxo Bank, во своите традиционални годишни прогнози предвидува, меѓу другото, драматично тргување со биткоинот во 2018 година; со очекување дека ќе достигне вредност од 60.000 долари, и соодветно пазарна капитализација од вртоглави илјада милијарди долари, за потоа да следи крах, по што Кина и Русија (барем делумно) ќе ја забранат најпознатата криптовалута.

Дел од аналитичарите стравуваат дека пред светот е уште едно пукање на меур, можеби драматично како случувањата на финансискиот пазар во 2008 година. Во контекстот, новинарите на ценетиот Wired се запрашаа што всушност би се случило кога би пукнал биткоин меурот, наведувајќи дека до вакво нешто би можело да доведе одредена државна регулатива во бизнисот, сериозни хакирања и манипулации на пазарот и т.н.

102659829-RTX1BUEY.1910x1000 WEEB 948

Мајкл Новограц,милијардерот инвеститор, прво изјави дека биткоинот може да достигне 40 илјади долари до крајот на 2018, но откако се случи падот на 22 декември се коригира и вели дека најпознатата криптовалута може да падне до 8.000 долари, оти веќе не му се допаѓаат условите на пазарот поради што ќе го одложи создавањето криптовалутен хеџ фонд

Одредени аналитичари се на став дека штетата не би била драстична, зашто најголемиот дел од биткоин пазарот го држат неколкумина богати инвеститори, почнувајќи од оние кои навреме купиле биткоини, па сѐ до големите имиња од Силиконската долина. Во случај пад на вредноста на оваа криптовалута,нивното богатство би се намалило, но тие не би банкротирале, и не би имало некое значајно генерално влијание, зашто истите инвестираат во различни дејности, смета аналитичарот на инвестициската куќа BlockTower Capital, Ари Пол.

Но, колатералната штета сепак би била неизбежна, а најмногу би се манифестирала кај компаниите со бизнис за конверзија на биткоинот во официјални валути, зашто сопствениците на криптовалутата секако би нагрнале да претворат сѐ што имаат од неа во „цврста“ валута. Овде, јасно, проблемот би бил во ликвидноста на споменатите компании.

Сето би се одразило и на вредноста на другите криптовалути што се засилија на пазарот поттикнувани од растот на биткоинот. Но, експертот за монетарни системи во рамките на Кембриџ, Герик Хилеман, смета дека со биткоинот не би можело да се повтори сценариото од 2008 година.

„За да почне толку голема финансиска криза потребно е голем број луѓе да се вклучат во тргувањето со овие валути, но и многу од нив да бидат задолжени“, вели Хилеман за Wired. Засега случаите на луѓе кои преземаат големи ризици за да инвестираат во биткоин се релативно мали, барем ако се заклучува според она што се знае во јавноста (за најекстремните примери известуваат и медиумите).

Наспроти темните прогнози, има и такви дека вредноста на биткоинот ќе надмине и 100.000 долари во 2018 година.

„Не би се изненадил ако биткоинот достигне шестоцифрена сума“, изјави директорот на компанијата за трговија со криптовалути, Octagon Strategy, Дејв Чепмен. Со оглед на тоа дека нему и на неговата компанија би му одговарал ваков развој на ситуацијата, кредибилитетот на изјавата тој го крепи на своите претходни, остварени прогнози, за раст на биткоинот на над 10.000 долари претходно во 2017.

„Бев цитиран во август, кога валутата се тргуваше за околу 4.000 долари, дека до крајот на годината ќе имаме сума од пет цифри. И тогаш многу луѓе ме сметаа за луд и ми се потсмеваа“, изјави Чепмен за CNBC, кој вели дека цената за него е можеби најнеинтересната компонента поврзана со биткоинот, а многу повеќе го возбудуваат можните примени и значењето на криптовалутата за луѓето што немаат пристап до финансиските пазари.

„Ако се фокусираме на цената, ги губиме елементите на големата слика“, вели Чепмен. Според него, ако се погледне досегашното влијание на биткоинот, не е неосновано да се смета дека тој би можел да биде исклучително моќен уривач на финансискиот систем што го познаваме денес. Во ваквите стравување на луѓето од банкарскиот сектор тој ги лоцира причините за нивните критички, конзервативни гледишта, што не им дозволуваат да го видат потенцијалот на криптовалутата.

Поранешниот главен економист на  Deutsche Bank, Томас Маер, е меѓу тие големи скептици, и смета дека „сите феномени што го следат настанувањето на еден „меур од сапуница“ се присутни“ во приказната за биткоинот.

Маер за радиото Deutschlandfunk, сепак (како и многу други критичари кои доаѓаат од банкарскиот сектор), не пропушти да каже дека „блокчеинот“ – блок-технологијата што стои зад верификацијата на биткоин трансакциите, е извонредна работа.

Кога веќе почнавме да ги редиме поддржувачите и критичарите на биткоинот еден по друг, овде ќе го споменеме поранешниот хеџ фонд менаџер на инвестициската компанија Fortress , Мајкл Новограц, како поумерен оптимист од цитираниот Чепмен.

„Биткоинот може да достигне 40 илјади долари до крајот на  2018 година – лесно би го постигнал тоа“, изјави милијардерот инвеститор за CNBC на крајот на ноември, но, во меѓувреме (откако се случи падот на биткоинот на 22 декември) Новограц се коригира и вели дека биткоинот може да падне до 8.000 долари (цената во моментот на пишување на текстот му е 14,551 долар), и оти веќе не му се допаѓаат условите на пазарот поради што ќе го премисли/одложи она што имаше намера да го направи, а имено да создаде криптовалутен хеџ фонд.

Bruno-Le-Maire-a-Emmanuel-Macron WEB 948

Францускиот министер за економија и за финансии, Бруно Ле Мер, најави дека во 2018 година ќе иницира расправа за биткоинот на ниво на земјите Г20 – економски најсилните држави, на самиот што во април ќе се одржи во Аргентина

Без понатаму да се набројуваат примери, јасно е дека за традиционалните експерти за економија биткоинот е најчесто уште еден „инвестициски меур“, но, исто толку е јасно оти вистинските експерти за криптовалути воопшто не се економисти.За тоа колку традиционалните структури можат да ги следат случувањата на криптовалутниот пазар објаснување, за net.hr, даде инженерот Иван Ворас, авторот на книгата „Водич за скептици за биткоин, криптовалути и блокчеин“.

„Биткоинот и криптовалутите настанаа надвор од традиционалното финансиско опкружување, и вистината е дека сѐ до неодамна единствените луѓе кои се занимаваа со нив, или и воопшто знаеја за нив, беа експертите за технологија или технофилите, односно, луѓе кои по правило немаат многу допирни точки со финансиските пазари. Тоа сега забрзано се менува, особено последниве неколку месеци. Биткоинот настана од по малку романтичарски, анархистички побуди, да се создадат „пари за интернет“, на кои нема да може да влијаат банките, државите, и воопшто механизмите што постојат во реалниот свет, и тоа токму поради перцепцијата дека тие механизми се корумпирани и подложни на приватните интереси на големите играчи. За жал, човечката природа е таква што истите општествени структури му се случија и на светот на криптовалутите: тие, кои на различни начини, било среќно, било плански, прибраа големо богатство во криптовалути, тоа го користат како влијание за да го менуваат технолошкиот развој на платформите во правец на своите интереси, и за да манипулираат со цените. На многу буквален начин, се случуваат целосно истите работи како на „нормалните“ пазари, само на поинаков начин, преку интернет“, вели Ворас.

Во 2018 година претстојат и обиди за регулирање на криптовалутниот пазар. Францускиот министер за економија и за финансии, Бруно Ле Мер, на средината на декември, во разговор за тамошниот ТВ-канал LCI, најави дека следната година ќе иницира расправа за биткоинот на ниво на земјите Г20 – економски најсилните држави. Следната година во април, домаќин на самитот на Г20 ќе биде Аргентина, а претставниците на Франција ќе бараат соодветно внимание на настанот да им се посвети на криптовалутите и на расправата за носење регулатива за оваа област.

„Очигледно е дека шпекулациите носат голем ризик. Мораме тоа да го разгледаме и да испитаме како би можеле, заедно со државите од Г20, да почнеме да го регулираме биткоинот“, изјави Ле Мер.

И на ниво на Европската унија се бара начин да се воведат нешто построги правила и регулатива за криптовалутниот пазар, за да се спречат нелегалните активности како перење пари и финансирање тероризам.

На крај (на овој текст), останува заклучокот дека можеме да пишуваме уште многу на темата, а и натаму да не дадеме уверлива основа за или против инвестирањето во биткоин или во други криптовалути. Значи, заклучокот од прашањето што носи 2018 година во делот на криптовалутите, односно, дали треба да се вложи во некоја/некои од истите, секој ќе си го изведе сам.

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×