НЕШТО САКАНДАЛИ ПОЧНАА!
ШТО СЕ СЛУЧУВА?
едно мое приватно мислење…
Објавено на од во Коментари и анализи

Zikov-kolumnaОна што може да се забележи сега откако почна кампањата за референдумот, е обид за внатре партиска битка и внатре владина битка за позиционирање и репозиционирање за тоа кој ќе биде претседателски кандидат на СДСМ! Се користи приликата! Некако на еден трошок и ова да се заврши! Повеќе од сигурно е дека таа личност, кандидатот, ќе биде и идниот претседател на Македонија! Овие процеси во себе кријат и многу замки! Кријат и замки за премиерот Зоран Заев!

Еве го моето гледање на работите …

Она што се случува со хипер продукцијата на таканаречени скандали во последните денови и претенциозните инфантилни анализи во разните “телевизиски саботажи” укажува на еден единствен заклучок:

Случаите што ни се наметнуваат како скандали не се произведени од вмро дпмне, туку од други центри! Според мое убедување, претежно блиски на Илинденска! Веќе има и конкретни докази за тоа … ВМРО ДПМНЕ не е! тие не знаат главата кај им е и во моментот не се способно за таква продукција!?

Во еден мој статус од август анализирав дека скандалите во владата се произведуваат инспирирано од позиционирањето на трката за кандидат на сдсм за претседател на државата! Со секој поминат ден тоа се потврдува!

Оттука, кујните за афери се внатре во “широкото владино општество” сватено и како партии и коалиција, но и како конкретни личности, интересни групи … Повторно византиски игри иманентни за сдсм.

Она што премиерот Зоран Заев, кој е и претседател на СДСМ, треба да го има во предвид е фактот дека – ако некому не му се наместат коцките да стане кандидат за престедател (што би било сигурна добитна комбинација со оглед на високиот рејтинг на сдсм, и посебно рејтингот на Заев), тогаш таквите сили може да одат во правец на креирање на неподнослива и неодржива внатрешна конфронтација во владата! Заев мора да биде свесен дека високиот рејтинг на СДСМ во голема мерка влече енергија и логика од неговиот висок рејтинг, кој пак, е изработен на терен во последните 13 години како најдобар градоначалник во македонија, и особено во последните три години во кој со големо количество дрскост и херојство го урна митот на непобедивоста на вмро дпмне! На многу конкретен начин!
Денес владиниот тим и се што се вика влада сватено директори, заменици, секретарки, пр менаџерки, шофери во 1200 – те државни институции во суштина грицка од тој рејтинг! Ако сакате и конкретни министри и разни други полови на моќ здружени во разчини спреги своето позиционирање го црпат единствено од неговиот висок личен рејтинг!

Оттука, според мене обидите во овој период се …. релативизирање на владиниот квалитет! Релативизирање на конкретните економски резултати, резултатите во надворешната политика … Овие дв големи сектори и резултатите постигнати таму бодат очи во СДСМ! И некој таму очигледно се нервира …. Затоа се произведуваат скандали … Веќе се насеќа и од каде доаѓаат …!?

 

Што сакам да порачам во оваа колумна?

Ваквиот развој на состојбите би можело да биде во правец на сценариото за креирање замка:

Замката е следна:

Седнува некој и на Заев му вели дека заради мир во куќа тој треба да биде кандидатот, и идниот претседател на државата! Моето мислење е дека тоа е замката! Заев за претседател …
Не.

Ова би значело губење на владата (извршната власт) и веројатно, па и сигурно) губење на лидерството во пртијата! Тоа не е добро … Ни за Заев, а што е многу поважно за иднината на земјата! Тоа би било грешка.

Мое мислење е дека Заев треба да остане премиер, реформите не само да продолжат туку и драматично да се продлабочат, кадровската политика мора да се подобри … Заев и е потребен на Владата и земјата во периодот на преговори со ЕУ. НАТО го сметам за завршена работа!

Замката е и кога Заев тврди дека ако со референдумот ништо не биде, тука некаде би бил крајот на овие “нашите” политки …
Не … Иако сметам дека за таква резерва од страна на премиерот нема место оти рефрендумот ќе успее, сметам дека е замка ако така го советуваат некои во неговиот кабинет, да стори во такво, според мене, неостварливо сценарио … Да повторам – колку и некој да сака тоа да се случи.

Премиере тоа некој сака само да го слушне од вас!
Договорот со Грција ќе успее, референдумот ќе успее, Владата што ти ја управуваш и менаџираш ќе продолжи со работа!

Има време и за поправки во договорот со Грција откако ќе седнеме во полноправното столче во НАТО! И откако ќе почнеме преговори со ЕУ!
Место за резерви за референдумот нема. Ќе успее. Овој народ нема глупо да одигра …!?

И ако глупо одигра овој народ, во стилот народот е во право и кога греши, за оставки нема место! Оваа влада ќе продолжи со реформи! Како треба, ако треба и предвремени парламентарни избори, се разбира!

 

Заклучок:

  • Референдумот ќе успее
  • Дворските подметнувања на скандали ќе продолжат се до изборот на кандидат за преседател на македонија! Не дека нема да продолжат и потоа!
  • Скандалите се подметнуваат внатре од своите! Кујните веќе се препознаваат!
  • Зоран Заев не треба да биде кандидат за претседател со цел спасување на единството во партијата! Затоа што Македонија ќе ја изгуби Владата и длабоките реформи, а Заев ќе ја изгуби партијата!?

Се разбира ова е мое приватно мислење!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×