И покрај тоа што одлуката на македонската влада да го затвори небото за прелет на руски авиони не е од вчера, забраната што ја доби авионот на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров да прелета над нас за да слета во Србија, каде планирана беше посета на официјален Белград и средба со српскиот претседател Александар Вуќиќ, ја разбранува јавноста.
Северна Македонија застана заедно со Бугарија и Црна Гора – други две НАТО членки, комшии на Србија, кои исто така забранија државниот руски авион заедно со министерот Лавров да прелета над нив.
Вучиќ во тесно
Со ова практично пропадна најавената посета, односно како што би рекол српскиот претседател – ситуацијата се искомплицира. Наместо со Лавров, Вучиќ како што е предвидено средбата ќе ја има со рускиот амбасадор Александар Боцан-Харченко (понеделник, 6 јуни), со што пропадна доста труд вложен од Вучиќ лично – ако се верува на премиерката Ана Брнабиќ, претседателот Вучиќ дури и лично се занимавал со логистиката на посетата на рускиот министер.

Премиерот Димитар Ковачевски не одговори конкретно дали со одлуката Македонија да не го пушти рускиот авион со кој се превезува Сергеј Лавров да прелета над државата, ќе се нарушат и односите со Србија. Тој кажа дека забраната важи за сите: „Имаме одлука за забрана за прелет на руски авиони. Одлуките кои се носат во НАТО се и наши одлуки. За конкретниот лет нема друг третман во однос на одлуката која е донесена.”
Дојче Веле анализирајќи ја ситуацијата цитира неколку свои извори кои тврдеа дека Берлин сериозно размислувал дали германскиот канцелар Олаф Шолц, кој треба да пристигне во официјална посета на регионот на 10 јуни, воопшто би отпатувал во Белград, доколку Лавров бил таму неколку дена пред него.
Според Александар Попов, директор на Центарот за регионализам, на самиот Вучиќ му олеснило што Лавров не доаѓа во пикантен политички момент. Имено, на Запад договорот за гас меѓу Србија и Гаспром беше дочекан како нов доказ за поткопување на заедничката европска политика. Затоа, вели Попов, пропаднатата посета на Лавров може да се гледа и како поставување политички барања до Белград во замена за поевтин гас.
„Сè има своја цена. Нема вечно братство“, изјави Попов за ДВ. „Во интерес на Русија е да направи дупки во западните санкции. Присуството во Србија е прилика да се направи дупка и да се покаже дека се присутни на овие простори“.
Еден друг истражувач, од Белградскиот центар за безбедносна политика, Вук Вуксановиќ исто за Дојче Веле аналзиира дека Вучиќ е во тесно затоа што мора истовремено да се ценка и со Москва и со Западот, а на граѓаните да им се прикажува како „цврст лидер“, вели Вуксановиќ, кој истовремено е и соработник на Лондонската школа за економија и политички науки.
„Се чини дека Белград се обидува да најде модел според кој би се приклучил на некои санкции на Европската унија“, изјави Вуксановиќ за ДВ. „Идејата е да се отстрани европскиот притисок без сосема да се налути Москва.“
Од рускиот напад на Украина, германскиот печат редовно оценува дека српското „седење на две столчиња“ станало неодржливо.
Дојче Веле на македонски јазик ги пренесува и реакциите на германскиот печат за настанатата ситуација. Како што потсетува германската агенција ДПА, Лавров е „цел на западни санкции поради руската агресија во Украина. Покрај тоа, европскиот воздушен простор е затворен за руски авиони“.
Тиражниот таблоид „Билд“, пак, потсетува дека „хуманитарните и дипломатските летови“ инаку се изземени од санкции. Наместо да лета, Лавров ќе одржи прес-конференција во Москва, на која вчера ненадејно покани странски дописници.
Македонија доследна
Од македонското министерство за надворешни работи го објаснија одбивањето на барањето на Руската амбасада за специјално одобрение за користење на воздушниот простор за лет до Белград, поради тоа што Владата веќе има донесено општа одлука за затворање на воздушниот простор на Северна Македонија за авиопревозници во сопственост на Руската Федерација.

Земјите што ја опкружуваат Србија го затворија комуникацискиот канал, не дозволувајќи да прелета авионот на Сергеј Лавров, кој се подготвуваше да ја посети Србија. Руската делегација требаше да пристигне во Белград на разговори. Државите членки на Европската Унија и на НАТО го затворија воздушниот простор, затворија уште еден комуникациски канал. Москва не е таа што создава нова железна завеса, туку Европа е таа што ја оградува Русија.
Во врска со забраната се огласи руското МНР, кое оцени дека со ова се затвора уште еден канал за комуникација.
„Земјите што ја опкружуваат Србија го затворија комуникацискиот канал, не дозволувајќи да прелета авионот на Сергеј Лавров, кој се подготвуваше да ја посети Србија. Руската делегација требаше да пристигне во Белград на разговори. Државите членки на Европската Унија и на НАТО го затворија воздушниот простор, затворија уште еден комуникациски канал, изјави вчера портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, додавајќи дека „Москва не е таа што создава нова железна завеса, туку Европа е таа што ја оградува Русија“.
Премиерот Димитар Ковачевски не одговори конкретно дали со одлуката Македонија да не го пушти рускиот авион со кој се превезува Сергеј Лавров да прелета над државата, ќе се нарушат и односите со Србија. Тој кажа дека забраната важи за сите:
„Имаме одлука за забрана за прелет на руски авиони. Одлуките кои се носат во НАТО се и наши одлуки. За конкретниот лет нема друг третман во однос на одлуката која е донесена.
Оваа одлука на Владата, со исклучок на традиционалните проруски политички елементи кај нас, наиде на поддршка од јавноста.
Русија лута
Но, овој став не им се допадна во Москва од каде ценат дека ЕУ и НАТО се обидоа да спречат Србија слободно да ги избира своите партнери.

„Нашата дипломатија сè уште не ја совладала телепортацијата“, изјавиле очигледни шегобијци вработени во руското министерство за надворешни работи за агенцијата Интерфакс. „Западот го сака Балканот за себе, исто како што мисли за Украина, оценува Лавров. Затворањето на воздушниот простор е „срамно казнување“ на една земја, која сака самостојно да ја крои својата надворешна политика согласно своите национални интереси, изјави самиот Лавров.
Ова беше оценката на Лавров на видео-конференцијата со странските новинари во Москва. „Србија треба да има слободен избор“, вели шефот на руската дипломатија.
Рускиот министер за надворешни работи критикува што некои „НАТО-членки“ го спречиле неговото патување. Западот го сака Балканот за себе, исто како што мисли за Украина, оценува Лавров. Затворањето на воздушниот простор е „срамно казнување“ на една земја, која сака самостојно да ја крои својата надворешна политика согласно своите национални интереси, рече шефот на руската дипломатија.
Тој нагласи дека руските односи со Србија „никој нема да може да ги уништи“ и наведе дека наскоро во Москва ќе се сретне со српскиот колега Никола Селаковиќ.
Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека акции како што е затворањето на воздушниот простор, би можеле да предизвикаат проблеми при планирањето на дипломатски средби, но тоа немало да ја спречи Русија да негува односи со пријателските земји.




















