Нетанјаху на Twitter објави колкава му е платата
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Twitter денеска стави копија од износот на својата плата за месец февруари, објаснувајќи дека тоа го направил заради транспарентност.

Според споделената информација, премиерот на Израел има плата од 48.815 шекели, односно 11.270 евра месечно. Тоа е околу пет просечни израелски плати од 2.200 евра месечно, судејќи според податоците на Централното биро за статистика на Израел.

Меѓутоа, даноците во Израел се многу високи и после плаќањето на данокот на приход, здравственото осигурување и придонесот за социјално, платата на израелскиот премиер ќе изнесува 4 илјади евра.

Странските медиуми наведуваат дека во споредба со другите светски лидери, Нетанјаху има мала плата.

Според истражувањето на CNN претседателот на САД, Барак Обама минатата година заработувал 33.000 долари месечно. Германската канцеларка Ангела Меркле пак заработува околу 17.000 евра месечно, а рускиот претседател Владимир Путин околу 9.500 евра месечно.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×