Netflix надмина 100 милиони претплатници – растот на приходите е 32%
Објавено на од во hi-tech & business

Приходите на Netflix во второто тримесечие достигнале 2,8 милијарди долари, што е 32% повеќе отколку во истиот период лани, додека бројот на претплатници пораснал за 5,2 милиони во однос на претходниот квартал и стигнал до 104 милиони.

Според финансискиот извештај на компанијата што нуди телевизиска и филмска програма на интернет, чистата добивка во минатото тримесечие изнесувала 65,6 милиони долари, што е за околу 60% повеќе отколку лани во истиот период.

Извршниот директот на Netflix, Рид Хестингс, порача дека креирањето оригинални содржини е клучно за конкурентноста на компанијата против онлајн ривалите како Amazon и YouTube, или против традиционалната телевизија.

„Преминувањето од телевизија, на гледање на содржини по желба е силен, а многумина имаат многу слободно време, така што многу интернет телевизиски услуги ќе бидат успешни“, вели Кестингс.

Тој потенцира дека можностите за раст на компанијата се големи, зашто интернетот се шири низ светот, и сега повеќе од половина од претплатниците на Netflix доаѓаат надвор од САД. Во Америка се 51,9 милиони, а во странство 52,1 милиони.

Од 2013 година Netflix почна да произведува сопствени, оригинални содржини, меѓу кои и познатата драмска серија „Куќа од карти“ (House of cards).

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×