NETWORKER- компанија која ги претвора проблемите во можности
Објавено на од во Компании

Веројатно си запознал човек кој за кратко време успеал да ти најде решение за проблем што долго време си го имал. Таквиот човек секогаш е спремен да ти помогне – или ако не може лично, познава некој што може.

networkerТимот на Networker, реши да го издигне ова на ниво на професија, преку вмрежување со соодветните луѓе, финансиски институции, партнери и заедници со взаемни интереси.

Потрошувачкото општество и брзите трендови наметнаа темпо кое е тешко да се следи. Обичните луѓе останаа заглавени во минуси на картици и кредити за нешто што е тренд да се поседува. Претприемачите мотивирани да направат нешто, преплавени се со море од информации и потенцијални бизнис можности, но не знаат од каде да почнат. Постоечките компании пак, не знаат како да се прилагодат на трендовите и да ги искористат новите потрошувачки навики за експанзија на бизнисот.

Важноста од личност која ги има контактите и која може да те води низ сите чекори од процесот на креирањето на твојот личен финансиски план, лансирање на бизнис идеја или решавање на бизнис предизвик е поголема од било кога.

Затоа го креиравме Networker.

Основачите на Networker, Сања Митровска и Славе Ангелов, создадоа тим кој има задача да го трансформира начинот на кој луѓето и бизнисите се соочуваат со тековните предизвици.

Networker е дизајниран да посредува помеѓу потребите и интересите на засегнатите страни. За оние со финансиски предизвици правиме финансиски план кој ја вмрежува финансиската реалност на клиентите со понудата на финансиски продукти на пазарот. За бизнис ентузијастите покрај креација на бизнис моделот и процесот на основање на компанија, правиме вмрежување со инвеститорите и клиентите продавајќи ја нивната бизнис идеја. Веќепостоечките бизниси ги вмрежуваме со потенцијални инвеститори, партнери, клиенти и финансиски институции со цел оптимизација на трошоците, дигитализација на процесите и експанзија на бизнисот.

„Веруваме дека не постои проблем што не може да прерасне во можност. Тука сме за да ги мотивираме, вмрежиме и водиме луѓето во наоѓање решенија преку истражување на креативни начини за соочување со предизвиците. Услугите кои ги нуди Networker ќе бидат бесплатни за корисниците. Веруваме во создавањето на една високорастечка заедница, која ќе биде фокусирана на целосно искористување на можностите“

 Закажете средба тука >>https://www.networker.mk/

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×