Неуспешен референдумот за ГТЦ
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Со излезност до 19 часот од 40,5%, потврдена и од Државната изборна комисија, референдумот во Општина Центар заврши како неуспешен. Граѓаните на скопската општина денеска се изјаснуваа за изгледот на Градскиот трговски центар, одговарајќи на референдумското прашање: Дали сте за тоа да се задржи автентичниот изглед на фасадата на ГТЦ?

Од граѓаните кои излегле на гласачките места, според Општината Центар, најмалку 95% гласале потврдно, што, според градоначалникот Андреј Жерновски, е јасна порака дека граѓаните не сакаат барок.

„Сведоци сме на сценарио кое се повтори – притисоци врз јавната администрација, префлање на гласачи од едно на друго место. Над 95% од оние кои излегоа на референдум гласаа за зачувување на автентичноста на ГТЦ. Тоа значи дека ниту една власт не смее да го чепне ГТЦ; тоа значи дека Центар го доби најголемиот резултат досега во општината. За мене овој референдум е прв чекор на враќање на власта кон гласачите, а јас, како градоначалник, ќе направам сѐ за ГТЦ да остане како што е“, изјави Жерновски по завршувањето на референдумот.

Од ВМРО-ДПМНЕ, која немаше политичка партиципација на референдумот, освен административна, во согласност со законот, како што рече членот на Извршниот комитет на партијата, Илија Димовски, неуспехот на денешното изјаснување за изгледот на ГТЦ го оценија како порака дека граѓаните не даваат поддршка за сценарија што немаат позитивна цел за самите нив:

„При фактот дека опозицијата има свое најсилно упориште токму во Општина Центар, во која победи на локалните избори, и при фактот дека опозициските партии наметнаа референдум за прашање за кое многу граѓани изградија став без разлика на својата партиска припадност, неуспехот на овој референдум е силна и јасна порака не само од граѓаните на Општина Центар, туку од сите, дека нема да дадат поддршка на сценарија и политичка злоупотреба која нема никаква конкретна позитивна цел за самите граѓани“.

Во избирачкиот список за Општина Центар се запишани 43.560 граѓани.
За да биде успешен референдумот половина од регистрираните гласачи требаше да излезат на гласање, а половина од нив да гласаат потврдно на поставеното прашање.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×