„Невозможната љубов“ на Источна Европа кон нуклеарната енергија
Објавено на од во Економија
Додека побогатите земји како Франција и Германија се откажуваат од нуклеарната енергија заради ризици по животната средина и огромните трошоци на ваквите проекти, ситуацијата не е случај во Источна Европа.
пакшПроблемот таму е во тоа што постои ентузијазам за нуклеарна енергија, што е во спротивност со реалната можност да се спроведат вакви проекти, пишува Блумберг. Според нив, во целиот регион каде нуклеарните реактори доаѓаат од Советскиот Сојуз и се’ уште се користат денес, надлежните органи се притиснати до ѕид од недостатокот на време и ресурси.
Многу од нуклеарните централи во Источна Европа се близу до крајот на нивниот оперативен живот. Зголемената побарувачка на пазарот на енергија и зголемените побарувања за намалување на емисиите на јаглерод, ги принудуваат владите да се стремат кој зголемување на капацитетот.
Во Унгарија, Словачка, Чешка, Романија и Словенија, нуклеарните објекти се предвидени да бидат санирани и проширени. Бугарија и Полска се на работ на изградба на нови нуклеарни централи.Сепак, овие намери честопати се блокирани – од високите трошоци за нивно спроведување и од големите барања на Европската Унија за нивно градење.
Ова ги одложува планираните проекти во регионот со децении. Со оглед на трошоците за изградба на нов реактор – околу 15 милијарди евра – владите се откажуваат да продолжат.
„Со оглед на цената, ова не е профитабилна технологија во моментов, и веројатно тоа нема никогаш да се промени“, објаснува Роб Барнет, виш енергетски аналитичар во „Блумберг интелиџенс“.
Според него, сега е прашањето дали владите сакаат технологијата воопшто да постои и дали тие се подготвени да ги финансираат трошоците за да можат да користат ваква технологија во иднина.
Во моментов, најблиску до целта е Словачка, која би можела до следната година да поврзе нов реактор со својата мрежа, иако има неизвесности – процесот е полн со одложувања, соседна Австрија е во опозиција по ова прашање. Има скандали околу финансирањето и обвинување за лошо управување.
Примерот во Бугарија е потипичен.
“Досега Бугарија не успеа да најде пари за изградба на нова нуклеарна централа во северниот град Белене. Планот беше одложен за прв пат од падот на комунизмот. Тогаш, финализацијата на проектот ќе чинеше скоро 1/4 од БДП на земјата”, коментираат авторите на Блумберг.
Полска, која е најголем потрошувач на јаглен во Европа, планира да го лансира својот прв нуклеарен реактор во 2033 година. Финансирањето на проектот сепак, нема одобрување од извршната власт.
Дури и најсолидните планови страдаат од долгогодишни одложувања. Романија, која со децении се колеба дали да инсталира нови реактори во АЕЦ „Црна вода“ што се наоѓа на реката Дунав, во мај потпиша прелиминарен договор со кинеската Национална нуклеарна корпорација (CNNC). Страните во договорот сè уште не го разбираат целосно финансирањето и временската рамка.
Унгарија има најголем дел од средствата наменети за проектот „Пакш“, кои изнесуваат 12,5 милијарди евра. Договорот за „Росатом“ беше потпишан во 2014 година и има позитивен ефект врз односите меѓу премиерот Виктор Орбан и рускиот претседател Владимир Путин.
Според договорот, Русија треба да финансира 80% од проектот преку заем од 10 милијарди евра што Унгарија ќе го врати со камата.
Сепак, се чини дека ова не е доволно за да се започне проектот.
Одобрувањето на ЕУ траеше скоро 2 години, после кои минаа уште 2 години. Во меѓувреме, Будимпешта индиректно го обвини Росатом дека не ги доставил потребните планови за проектот.
Засега, сигурно е дека новите реактори нема да започнат со производство на електрична енергија во 2026 година, како што беа првичните планови на управувањето во Унгарија.
Ова предизвикува земјата да преговара за нови услови за отплата на заемот на Москва.Главниот извршен директор на Росатом, Алексеј Лихачов ја префрла топката во ЕУ.
Според него, работата ќе продолжи и ова лето. „Проектот е одложен заради барањата на ЕУ. Во моментов го организираме работното време. Веќе преговаравме за најголемата тешка опрема и активно преговараме со австриските компании за градежната и монтажната база“, рече тој за РИА Новости во јуни.
Изградбата на нуклеарна централа излегува најскапо поради високите безбедносни барања.
Трите најголеми инциденти со нуклеарна централа во светот – Седиште на островот Три Мајл во Пенсилванија, САД во 1978 година; Чернобил во Украина од 1986 година; Фукушима во Јапонија од 2011 година – придонесоа за подобрување на технологијата и зголемени инвестиции во науката.
Во Пакс, кој се наоѓа на 100 километри под Будимпешта, по течението на Дунав, се одобрени 300 од 6000.
„Една од лекциите на Чернобил е дека прашањата околу нуклеарната безбедност треба да се разгледуваат транспарентно. Импресивно е кога некој ќе отиде таму (во Пакс), и го види размерот на проблемот“, изјави Балтазар Линдауер, директор на единицата за нуклеарна безбедност при Европската банка за обнова и развој.
И покрај ризиците, јавното мислење во Унгарија е консолидирано во поддршка на развојот на нуклеарната енергија во земјата.
Ова е особено така во градовите и областите блиски до нуклеарните објекти, каде што тоа е главниот извор на приход. Кога беа изградени првите реактори во електраната „Пакш“ пред да започнат со работа во 1982 година, малиот град доживеа трансформација.
Населбата стана културен центар – работниците и локалното население формираа заедница и почнаа да создаваат семејства, рече 60-годишниот златар Јудит Кунфалви, кој со нетрпение ги очекува Русите, кои евентуално може да пристигнат во Пакш.
Овој пат, жителите на градот очекуваат околу 10.000 работници и нивните семејства да го преплават градот за време на изградбата, а потоа и за правилно функционирање на проектот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×