Невработеноста силно ги погодува големите американски градови
Објавено на од во МАГАЗИН

Glavna fotka svetВтора Голема депресија?

Стапката на невработеност е барометар за финансиските тешкотии на американските семејства, со оглед дека губењето на работата вообичаено води до значителен пад на приходот на домаќинствата. Стапка од 20% значи дека еден од пет работоспособни Американци не може да најде работа во моментов. Тоа е двојно повеќе од максимумот на невработеност постигнат за време на финансиската криза од 2008 – 2009 година и ниво невидено уште од 1930—те, кога земјата беше во канџите на нејзината најголема економска криза воопшто.

 

Стапки на невработеност незапомнети уште од времето на Големата депресија ги погодија некои од најголемите градови во САД. Пандемијата на коронавирусот го зголеми бројот на невработени во Њујорк, Лос Анџелес и останатите големи урбани средини до нивоа од близу или над 20%, речиси двојно повеќе од националниот просек, пишува CNBC.
Стапката на невработеност е барометар за финансиските тешкотии на американските семејства, со оглед дека губењето на работата вообичаено води до значителен пад на приходот на домаќинствата. Стапка од 20% значи дека еден од пет работоспособни Американци не може да најде работа во моментов.
Тоа е двојно повеќе од максимумот на невработеност постигнат за време на финансиската криза од 2008 – 2009 година и ниво невидено уште од 1930—те, кога земјата беше во канџите на нејзината најголема економска криза воопшто.
„Просто е неверојатно, погубно е колку е висока стапката на невработеност“, вели Јоана Маринеску, професор по економија на Универзитетот Пенсилванија.

LA

Во Лос Анџелес, вториот по големина град во САД, стапката на невработеност благо се намали во јуни, но остана се’ уште на високи 19,5%, додека во мај беше 20,6%. Но, и ова извесно закрепнување е загрозено, затоа што расте бројот на ново – заразени во Калифорнија.

Њујорк и Лос Анџелес
Миксот на локалните бизниси и мерките за привремено затворање на голем број бизниси се во голема мера причина за скокнатите стапки на невработеност во некои големи урбани средини, вели Вејн Вруман, економист на Институтот Урбан. Градовите се генерално области со големи концентрации на бизниси споредено со останатите региони, вели тој.
Оваа динамика најдобро се отсликува во Њујорк, најголемиот град во државата и голем центар на туризмот и забавата, којшто креира стотици илјади работни места во услужната индустрија, коишто беа прегазени од пандемијата.
Стапката на невработеност во Њујорк порасна на 20,4% во месец јуни, според податоците на Бирото за трудова статистика. Ова е пораст во однос на 18,3% во мај и 15% во април.

NEWS: MAR 18 Coronavirus in New York

Сите претстави на Бродвеј во Њујорк се откажани до крајот на годинава поради пандемијата.

Бројот на невработени њујорчани порасна од 216 илјади луѓе пред пандемијата, на повеќе од 811 илјади, според Бирото. Овој тренд не ја следи линијата на закрепнувањето што се случи на американскиот пазар на работна сила во мај и јуни, откако попуштија или целосно се тргнаа рестриктивните мерки. Стапката на невработеност на национално ниво падна на 11,1% во јуни од 14,7% колку што беше во април, главно поради тоа што голем број на привремено отпуштени работници беа повикани повторно на своите работни места, како што почнаа сојузните држави да ги отвораат своите економии.
Њујорк, најсилно погодената област во земјата на почетокот од здравствената криза, беше прилично претпазлива при олабавувањето на мерките донесени со цел да се спречи ширењето на Ковид – 19.
Градот влезе во Фазата 4 од планот за повторно отворање на економијата во понеделникот, 20 јули, со тоа што им се дозволи и на бизнисите од сферата на медиумската продукција, професионалните спортови (без публика) и некои културно – забавни институции како зоолошки градини и ботанички градини, да отворат повторно, со извесни ограничувања.
Но, театрите на Бродвеј ќе останат затворени до следната година, внатрешните делови од рестораните исто така, а властите се’ уште не донеле распоред за тоа кога фитнес салите, моловите, кината и музеите ќе отворат повторно.
Лос Анџелес, вториот по големина град во САД, исто така се соочува со слично ниво на невработеност.
Стапката на невработеност благо се намали во јуни, но остана се’ уште на високи 19,5%, додека во мај беше 20,6%, според податоците на Одделот за развој на вработеноста на Калифорнија. Но, и ова извесно закрепнување е загрозено, затоа што расте бројот на ново – заразени во Калифорнија, поради што деновиве гувернерот Гевин Њусом беше принуден повторно да нареди затворање на баровите и забрана на активности во затворени простори, како ресторани, кина, театри, музеи, меѓу другото.
„Лос Анџелес, за жал, поминува низ нова здравствена криза, додека со Њујорк не е тој случајот“, вели професорката Маринеску од Универзитетот Пенсилванија. „Но, сепак, во Њујорк бројките за невработеноста се се’ уште мошне лоши. Тоа покажува колку разорни се всушност ефектите од коронавирусот“.

Kriza

Единствениот период во историјата на САД што всушност е обележан со терминот „депресија“ е Големата Депресија, кога стапката на невработеност порасна над 25%, според податоците на Националното биро за економски истражувања. Оттогаш, највисока невработеност имало од 10,8% за време на рецесијата во раните 1980 – ти, според Бирото за трудова статистика, коешто почна да ја пресметува официјалната стапка на невработеност од крајот на 1940-те.

Што е “депресија“?
Нема официјална дефиниција за тоа што е економска “депресија“. Но, стапка на невработеност од околу 20%или повисока е очигледен индикатор, според некои експерти.
„Мислам дека многу малку економисти би го оспорувале ова“, вели Вруман од Институтот Урбан. „Дваесет проценти е навистина над нивото на кое сме навикнати во декадите по Втората светска војна.
„Ова е нешто непознато за САД. Дури и стапка на невработеност од 15% за американската економија би се сметала за невообичаена.“
Чикаго, пак, третиот најголем град во САД, во јуни се соочи со стапка на невработеност од 16,1%, од 15,4% во мај, според Бирото за трудова статистика.
Детроит забележа подобрување, но стапката на невработеност се’ уште е висока, односно 17,7% во јуни, за разлика од 23,2% во мај.
Единствениот период во историјата на САД што всушност е обележан со терминот „депресија“ е Големата Депресија, кога стапката на невработеност порасна над 25%, според податоците на Националното биро за економски истражувања.
Оттогаш, највисока невработеност имало од 10,8% за време на рецесијата во раните 1980 – ти, според Бирото за трудова статистика, коешто почна да ја пресметува официјалната стапка на невработеност од крајот на 1940-те.
Сепак, некои големи градови беа поштедени од „болката“ што ја почувствуваа најголемите метрополи во државата.
Метро областа на Хјустон, четвртиот по големина град во САД, имаше 9,9% невработеност во јуни, според Одделот за труд на Тексас.
Метро областите на Сиетл, Мајами и Кливленд, имаа стапки од 9,3%, 11,2% и 13,5% респективно. Сите овие бројки се над просекот карактеристичен со децении, но далеку под стандардите за депресија.
Како што е случајот во Лос Анџелес, некои економисти стравуваат дека закрепнувањето на економиите може да застане, или состојбата повторно да се влоши, затоа што одредени региони во земјата повторно ќе воведат рестрикции за да се борат против зголеменото ширење на коронавирусот.
Ова може да е случај во Невада, на пример. Лас Вегас имаше најголема стапка на невработеност од било која метро област во САД во мај месец, цели 29%, според Бирото за трудова статистика. Податоците за јуни за овој град сe’ уште не се објавени. Имаше индиции дека невработеноста се ублажила во јуни, затоа што стапката на ниво на Невада се намали најмногу од сите други држави во јуни. Но, гувернерот Стив Сисолак неодамна нареди повторно затворање на баровите и воведе ограничувања за јадење внатре во рестораните.
Траење на невработеноста
Меѓутоа, според некои експерти, зголемените нивоа на невработеност треба да потраат подолго време за да може актуелната рецесија да се смета за доволно тешка и да се окарактеризира како депресија.
„Не мислам дека многумина економисти би го квалификувале како депресија намалувањето на економската активност коешто трае помалку од една година“, вели Стивен Вудбери, економист истражувач на пазарот на труд на Мичиген Универзитетот.
„Всушност, јас би рекол дека повеќето економисти би биле неволни да ја наречат рецесијата депресија, барем додека не потрае две – три години, слично како во случајот на Големата депресија од 1930-те“, вели тој.
Моменталната криза со вработеноста во големите градови исто така можно е да не е сличен индикатор за финансиски тешкотии на домаќинствата, како што тоа било порано.
Оние што беа квалификувани за бенефиции за невработеност, примија дополнителни 600 долари неделно, што им овозможи на некои работници со пониски примања дури и во целост да ја надоместат својата загубена плата. Меѓутоа, овие додатоци предвидено е да завршат заклучно со јули, по одлуката на Конгресот.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×