Next Door Park Hotel – нов хотел во Скопје со урбан и храбар стил
Објавено на од во Компании
На денешната прес конференција Parkland Hospitality Group гордо го претстави својот најнов член – Next Door Park Hotel, којшто со својот карактер и комбинација на милениумски дух и храброст претставува вистинско освежување за Скопје.
NextDoorParkHotel-PressConference2Next Door Park хотелот со 4 ѕвездички е новиот член на оваа групација и воедно новото поглавје од успешната приказна наречена Parkland Hospitality Group.
На прес конференцијата која се одржа во просториите на новиот хотел се обратија сопствениците и генералниот менаџер на ParklandHospitalityGroupи изјавија:

2„Би сакал да го искажам моето огромно задоволство и чест што и понатаму нашите идеи, вложувања и инвестиции го поставуваат Скопје рамо до рамо со останатите светски метрополи кои се лидери во хоспиталити индустријата. Ова е инвестиција од нови 6,5 милиони еврасо која што ја потврдуваме и продолжуваме успешно започнатата приказна во оваа индустрија од пред 3 години  изјави Енвер Малиќи, основач на групацијата Гемак,додека Алтин Малиќи,ко-сопственик во групацијатаи главен виновник за успехот на веќе познатиот ParkHotel & Spaзборувајќи повеќе за новиот хотел додаде:

Next Door Park Hotelпретставува еден вид канал преку кој ги имплементираме сите наши нови идеи, искуства и потреби коишто едноставно недостасуваат на нашиот град. Next Door Park Hotel е продолжение на визијата, на тој начин нудејќи им на нашите посетители поширок спектар на избор во поглед на карактер и вкусови, сето тоа преку услуга со врвен квалитет и светски стандарди“.

1Генералниот менаџер на хотелот, Панајотис Колокатис како долгогодишен експерт во областа ја сподели тајната за врвен квалитет и услуга: „Овае доказ дека не се плашиме да експериментираме, да бараме совети и мислења од нашите клиенти и да се стремиме кон повеќе. Луѓето и гостите нè препознаваат, ја препознаваат нашата вредност и она што ни значи е нивната лојалност, доверба и нивното повторно и повторно враќање тука.“

10Хотелот се наоѓа на самиот кеј на реката Вардар на само еден чекор од сестрата компанија и веќе добро познатиот Park Hotel & Spa. Хотелот располага со 64 соби и има капацитет за 200 посетители. Секој тип на соба е засебна приказна и различен стил овозможувајќи им на гостите избор при нивното барање на сместување.

9Веќе постоечкиот и добро познат BrickEat, покрај досегашните улоги на место за забава и дружења отсега па натаму во нова улога и сосема ново руво, во чекор со сите светски трендови во секој поглед, од здрава и фит храна до вкусни медитерански специјалитети кои во комбинација со модерниот ентериер се искуство кое мора да се доживее. Раскошната тераса и амбиентот на самиот кеј, создава пријатни моменти и атмосфера дури и во најтоплите денови.
9
643NextDoorParkHotel-PressConference4NextDoorParkHotel-PressConference5

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×