Ни инвеститорите не веруваат веќе во Германија, продадени едвај половина од 30 годишните обврзници
Објавено на од во Економија
Во средата, Германија не успеа да продаде повеќе од половина од обврзниците што ги понуди на финансискиот пазар со камата од нула проценти и рок на достасување од 30 години.
german-flag-1024x682Берлин продаде помалку од половина од обврзниците, во вредност од 824 милиони евра. Ова беше прв пат Германија да понуди обврзници без камата за толку долг период.
Но, обврзниците продадени на аукција во средата објавија негативна просечна каматна стапка од 0,11 проценти, соопштија агенциите. Ова значи дека инвеститорите кои ги купиле не само што ќе заработат ништо, туку виртуелно ќе плаќаат на германската влада да ги задржат своите пари за 30 години, освен ако во меѓувреме не ги продадат овие обврзници на слободен пазар на некој друг по уште повисока цена.
Иако Берлин постигна одлични каматни стапки, многумина веруваат дека аукцијата не успеа бидејќи помалку од половина од обврзниците беа продадени.
Негативното задолжување е сè почеста појава на глобалниот пазар. Во предизвикувачки услови на пазарот, инвеститорите бегаат од ризични инвестиции во побезбедни пристаништа како злато или државни обврзници.
Германија е на работ на рецесија. Последиците несомнено ќе ги почувствуваат германските компаниинадвор од Германија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×