Ние и НАТО!
Објавено на од во Коментари и анализи

Zikov-kolumnaА, ова со Никола Груевски во Будимпешта и неговото последно интервју на Сител го доживеав како еден виц од сплетот вицеви за Власите :))) Влав оди во главната пошта и прашува на шалтерот кај телефонските говорници:

– Може ли да нарачам 5 секунден разговор до Њујорк?
Службеничката го погледнува чудно, но кимнува со главата за согласност.
Ѕвонете од кабина 2. Од кабината се слуша:
– Вангелица, какаше ли?
– Да!
– Добро, чао!
Жената згрозена, но од љубопитност прашува:
„Добро, да ве прашам… и што разговор беше тоа???“
– Е што толку се чудите? Кака – значи јаде. Јаде – значи има пари. Има пари – значи се е ОК.

Оваа наша убава, но напатена земја, во средата широм ги отвори вратите, и сега веќе може со сигурност да се каже, гордо со крената глава влезе во НАТО. Потпишан е Протоколот за влез во Алијансата и со тоа е ставен крај, статусен печат, на еден историски долг пат на македонското евроатлантско интегрирање …

Прв сериозен проект по долго долго време, кој дава смисла и енергија, најнапред да се размисли и да се остане овде и да се продолжи силно понатаму во градењето на Македонија. Затоа што ова е едниот „ракав„ од двата. Вториот е ЕУ. Долг ќе биде патот до таму …

Оттука, „капа доле„ Македонијо! Издржа ти земјо моја многу на овој пат – лаги, криминали, колосални криминали, многу вистински зољи по планини, градови, полициски станици и дуќани. Но, Македонијо ти издржа и многу „политички и економско криминални разорни зољи„ … Те клоцаа Македонијо, над маса, под маса кој како ќе стигне. Особено по дома … Клоцана беше од своите политички и бизнис елити. И денес те клоцаат. Тоа најмногу боли. Но, издржуваш ти златна земјо.

Еве не тука, денес, на самиот крај од патот на едниот од двата најголемите стратешки проекти на оваа генерација македонски граѓани – приемот во НАТО. Во Алијансата влегуваме оти, влезот таму го посакуваат сите македонски граѓани … од сите етнички заедници, од сите професии, професионалци, уметници, спортисти, наставници, професори, доктори, земјоделци, политичари од сите партии …

Се разбира дека има и такви ликови кои калкулираат, политички некоректно се заигруваат со темата. Изјавите на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски во Брисел се токму тоа. Надвор од темата и моментот, тој тргна со „калашников и зоља„ во рацете да ја убива државата во европската престолнина. Крајно наивно политички, глупаво за моментот и деструктивно за нацијата. И што за него и неговата партија без политички морал ако се има во предвид дека, додека тој говореше низ бриселски ходници со европски службеници, еден добар дел од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ предводени од Илија Димовски и екс премиерот кој повеќе од една година беше тоа Емил Димитриев, не така недостоинствено (според дефиницијата на Мицковски) седеа во удобните фотељи во конференциската сала во новиот објект на НАТО.

Тоа е тој македонски самоубиствен и тажен нагон – ниту да знаеш и чувствуваш, да се радуваш кога е за тоа време, ниту да тажиш кога е за тажење …!?

ВМРО ДПМНЕ и Мицковски!?

Оттука, едноставниот заклучок е дека ВМРО ДПМНЕ повторно манипулира. Ја замајува македонската јавност со глупави соопштенија, го лаже своето членство, и секојдневно влегува подлабоко и подлабоко во „алејата„ на губитници, на онаа долга листа македонски дејци кои низ децениите наназад ја промашуваа темата. Нашите историски читанки и архиви забележале многу такви.

Секако, најекспонираниот таков лик на денешницата е Никола Груевски, кој увален, праќа коминикеа секојдневно во белиот дворец! Тој така достоинствен и избеган, а сите ние недоинствени и глупи што седиме овде. Ни се смее во лице! Знаел како треба за Македонија. Ние шупелки не знаеме.

И, пак, неискрено … онака лажно играат. Ќе ви кажам зошто … Според структурата на мислата на вмровците во овој период ве уверувам дека ќе дојде денот кога Никола Груевски од Будимпешта ќе подржи се што оваа влада на СДСМ прави на патот на полна евроатлантска интеграција, пратениците во Парламентот од опозицијата и така во голема мерка не му ја даваат подршката на Мицковски, а се повеќе расте сојузот меѓу осумте избркани од партијата и друг голем дел од опозицијата во Парламентот …. А Мицковски уште не разбира што се случува – ќе се тетерави со тоа што нема да знае што да изјави. И на крајот лидерот ќе биде фактички развластен оти ќе нема никаква контрола. Што му се случува и сега. Претстанува потребата од него. Тоа ќе биде апсурд над сите апсурди. Ве уверувам дека доаѓа тој ден! Ќе се смееме сите!

Денес, ВМРО ДПМНЕ (нивниот лидер Христијан Мицковски) тврдат дека влезот во НАТО е остварен на валкан и недостоинствен начин! Тој е таков само во нивните глави затоа што:

Прво, тие даваат вакви изјави само затоа што не се на власт во овој момент. Многу пати сум напишал дека да беа на власт истото ќе го одиграа со Грција, со таа разлика што се што во Македонија ќе им се најдеше на патот ќе завршеше брутално во затвор! Оти тие ќе имаа лесно дво-третинско мнозинство на претходно украдени избори! Како што правеа во стилот на нивниот претходен лидер Груевски – дајте ми 61 пратеник за да не ме уценуваат СДСМ и Албанците!!?? Зоран Заев, како што гледаме, играше во еден сосема друг процес … Од 49 пратеника со интегративен пристап и пред се со слушање, а не наметнување, изгради стабилно мнозинство од 81 пратеник. Велам стабилно оти ова мнозинство се потпира на искрен однос изграден низ процес на преговарање.

Да беа ВМРО ДПМНЕ на власт денес, а СДСМ во опозиција, и да влегувавме во НАТО, за вакви ставови во јавноста со какви денес се расфрла Мицковски, за валканост и недостоинственост, за цинкарење по белосветски метрополи, тие ќе ги пикаа луѓето во притвори десет пати по 30 дена. УЈП ќе ровареше насекаде, полицијата ќе местеше дроги по новчаници, алфите ќе тепаа кој треба и кој не треба … Така ги кршеа луѓето. Зарем заборавивте …?!

Со приемот во НАТО, Македонија, или покоректно Република Северна Македонија испишува една сосема нова страница во својата и светската историја.  На таа страница ќе мора да се испише и исцрта и тродимензионалниот аспект на градење на државата и општеството македонско. Оти освен икс и ипсилон оските постои и зет, која отсликува височина. Нови височини … Сега тоа ни е потребно! Да се издигниме над самите себе. 

Второ, во ВМРО ДПМНЕ постои во последно време една голема наивност во политичкото делување! Имаат еден ирационален, лажен и деструктивен став, да се биде контра речиси се што се прави во земјата, и тоа токму сега кога историски (еднаш во 100 години една земја има вакви важни моменти), во смисла на начинот како сме влегле во НАТО (според нив, со продажба на државните интереси во договорот за името со Грција). Уште ако во Брисел својата земја и Владата ги обвиниш за „црни сценарија„ за грабежи на изборите, за криминали по банки и зољи, за безперспективност и сиромаштија, го дигаат на ниво на наводна национална катаклизма (а замислете владееја 11 години со Македонија, што е само по себе фактографиски комично ако се врзе со ваквите изјави), и тоа го прават во Брисел на еден максимално примитивен начин, низ ходници, и со тоа мислат дека покажуваат накаква кредибилна политичка моќ пред европските служби!? Наивно и помалку глупаво …

Промоција на нефундирана на реализам, имагинарна политичка мисла и анализа, и празни некакви пораки до ЕУ и НАТО, дека демек тие се таа идна, нова, политичка сила во Македонија која, ако дојдат на власт утре !?, повторно ќе преговараат со меѓународната заедница околу нашата евроатланска интеграција. Тоа им е потконтекстот на ставот или како што вели Мицковски – кога ќе дојдеме на власт ќе преговараме со Грција за последиците од Преспанскиот договор! Јас на тоа велам „седи кец„!?

И уште, фактот што, ова второто кај Мицковски е накако слично со политичките ставови на Неа Демократија на Мицотакис, со таа разлика, што, како што стојат работите во Грција опозицијата има изгледи скоро да дојде на власт, а во Македонија опозицијата на власт ќе дојде „малку аврио„! Ако дојде секако …

 Уште еднаш за Договорот со Грција

…Ние, оваа генерација македонски граѓани решивме голема работа со Грција во името на одржлива иднина на сите,за следните 100 години! Голема работа е тоа. И секоја чест пред се на Зоран Заев.
Како премиер тој и не мораше оваа силна перспектива и нова „пол позиција„ во големата трка за членство во ЕУ и НАТО, да им ја приреди на своите граѓани …!? Па зошто би го направил тоа? Можеше да остане во конфорната зона на македонски премиер, зона заработена со бутањето на ВМРО ДПМНЕ од власт преку испуканите „бомби„!!?? Комфорна зона во која, на пример, се беше распиштолил, пред него, 11 години Никола Груевски! Па ако сакате и сите премиери пред Груевски … Затоа, денес, секој НОРМАЛЕН македонски граѓанин би изразил благодарност и радост наместо горчина и деструктивност! Затоа и ВМРО ДПМНЕ треба да се радосни. Заев им ја заврши работата!

Сега по долината на Вардар се отвори перспектива! Поглед … Прозор!

Сепак, вистинската работа сега допрва претстои. Македонското општество не е изградено.

Погледнете сите околу себе што се случува … Примитивизам и деструкција! Она што е различно од претходно е фактот дека, ако досега под власта на Груевски беше темно и секој секого го клоцаше под маса и над маса, сега сите во светот ке го гледаат вистинското лице на Македонецот! А тоа лице денес не е вопшто убаво …!Тоа лице зрачи со неспособност, манипулативност, немоќ и деструкција … Секој ден!

Ние сеуште имаме длабок проблем. Многу длабок. Затоа што се уште немаме одговорено на прашањето, што правиме што 30 години Македонија со целиот свој општествен хабитус за своите чесни и посветени граѓани, професионалци, земјоделци, лекари, музичари, глумци, сликари, научници и претприемачи практично е тешка замка … Клешти и оков …

Како оние траперите кои низ канадските шуми – кога ловат диви свињи поставуваат замка и заседа … Клешти! И ќе се заглави свињатата на клешта и толку … Не може да побегне …

Е таа стварност и чувство како да го смениме …!?!

Затоа со приемот во НАТО, кој дефакто се случи во средатата Македонија, или покоректно Република Северна Македонија испишува една сосема нова страница во својата и светската историја. На таа страница ќе мора да се испише и исцрта и тродимензионалниот аспект на градење на државата и општеството македонско. Оти освен икс и ипсилон оските постои и зет, која отсликува височина. Нови височини …

Сега тоа ни е потребно! Да се издигниме над самите себе. Да станеме многу подобри од што бевме и сме денес. Тоа треба сите да го сфатат од најмладиот што се родил денес, до последниот …!?

 

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×