Nike и Adidas предупредуваат: Трговската војна ќе биде катастрофална за потрошувачите
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Некои од најголемите производители на обувки во светот го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да стави крај на трговската војна, која според нив ќе има погубни резултати за крајните потрошувачи.
Nike
Во писмо потпишано од 173 компании, вклучително Nike и Adidas, се вели дека зголемувањето на царините за производи од Кина на 25% ќе предизвика поскапувања за крајните потрошувачи.
Производителите на обувки тврдат дека повисоките царини за увозот од Кина може да биде закана за иднината на дел од компаниите во овој бизнис.
Трамп неодамна ги зголеми царините од 10% на 25% на увоз на производи од Кина вредни 200 милијарди долари, а Кина возврати со зголемување на царините за увоз од САД вреден 60 милијарди долари почнувајќи од 1 јуни.
Некои од компаниите меѓу кои Clarks, Dr Martens и Convers тврдат дека постојната царина на обувките од сегашните 11,3% може да достигне со 67,5%.
 Одговорот на Трамп на овие предупредувања е дека компаниите кои сакаат да ги намалат трошоците на производство можат да го преселат производството во САД, што за компаниите е тешко изводлива задача бидејќи за пренесување на производството се потребни неколку години планирање и големи ресурси.
Истражувањата покажуваат дека 40% од компаниите во Кина размислуваат да можноста да го преселат производството од Кина во некоја друга земја заради високите царини воведени од страна на САД.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×