Nikola го тужи Tesla и бара обесштетување од дури 2 милијарди долари
Објавено на од во hi-tech & business

Nikola Motor Company е производител од американската сојузна држава Јута, кој се занимава, или подобро е да се каже, планира да произведува електрични камиони, што место батерии имаат погон на водородни горивни ќелии. Својот прв концепт, Nikola One, го претставија на крајот на 2016 година, но уште не го пуштиле во продажба. Во меѓувреме се појави и Nikola Two; исто така незаживеан концепт.

Од друга страна, и Tesla на Илон Маск подготвува свој камион, Tesla Semi, претставен на крајот на 2017 година, а кој веќе го тестираат на улиците. Двете компании, значи, уште немаат во продажба електрични камиони – само примаат резервации, но, без разлика, поради резервациите се влечат по судови.

Имено, Nikola Motor Company ја тужи Tesla, тврдејќи дека компанијата на Маск, именувана по презимето на големиот научник, при развојот на камионот Semi украла нешто што е во интелектуална сопственост на компанијата што го носи името на српско-американскиот пронаоѓач.

Поточно, се работи за три спорни карактеристики што во Nikola ги заштитиле со патенти: обликот на трупот, шофершајбната „обмотана“ околу кабината, и сместувањето на возачката влезна врата. Ниту една од точките на тужбата не се однесува на техничките карактеристики, туку на изгледот на кабината на камионот. нт

Вака поставената тужба, од Nikola ја поткрепиле со слики што треба да појаснат како Semi на Tesla го копирал изгледот на Nikola One. Со овој плагијат, тврдат од Nikola, купувачите биле збунети и имало одлив на продажбата од нив кон Tesla. Преку судот Nikola Motor Company бара обесштетување од дури две милијарди долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×