Никола Ѓоргиев направи видео прирачници за програмирање на македонски
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Програмерот Никола Ѓоргиев од Свети Николе, кој програмира компјутерски игри во последните пет години, создаде бесплатни видео прирачници на македонски јазик за почетно и за напредно ниво.
nikola„Идејата за овој проект потекнува уште од моите студентски денови, тогаш започнав нешто слично, правејќи пишани туторијали со цел да им помогнам на колегите и да поделам дел од своето знаење со нив. После тоа се вработив и идејата стагнираше некои пет години. Во меѓувреме барав слободно време да работам и други проекти, но никако да се најде и пред некој месец донесов одлука, да одморам малку од работа и да се фокусирам на тие проекти што сакав да ги реализирам. Ја напуштив работата и почнав да се фокусирам на проектот со видеата“, вели Ѓоргиев, дипломец на Факултетот за информатика на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, во 2013 година.
Тој најпрво снимил еден серијал од 24 видеа наменет за апсолутни почетници и проектот го објавил на фејсбук-група.
„Уште од првиот ден наидов на голема поддршка. Периодов снимам и втор серијал со понапредни видеа и паралелно со нив пишувам и нешто како мини-книга или дополнителен материјал за видеата“, објаснува Никола.
Тој нагласува дека овој проект не го работи за некаква финансиска корист. Во видеата нема спонзорирани содржини.
„Во дел од видеата имам нагласено дека немам намера да добијам каква било финансиска корист од нив, и доколку ги погледате, ќе забележите дека во ниту едно нема ниту некои спонзорирани содржини, ниту пак има реклами. Идејава ми е чисто да дадам некој мал придонес за ИТ-заедницава. Досега сѐ оди според планот. Веќе снимам и втор серијал со напредни туторијали. Паралелно со видеата пишувам и нешто како мини- книга“, вели Никола.
Тој не застанува овде. Планира и трет серијал, кога каналот ќе надмине 500 следбеници и тој ќе биде најверојатно за Unity и правење на компјутерски игри, објаснува програмерот.
Извор: Факултети.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×