Никола Груевски е осуден на две години затвор во предметот „Тенк“
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на две години затвор во предметот „Тенк“, што се однесува на набавката на луксузниот Мерцедес. Пресудата што ја изрече судијката Добрила Кацарска е за кривичното дело примање награда за противзаконско влијание.

Во истиот предмет, поранешниот помошник министер за внатрешни работи, Ѓоко Поповски, доби 6,6 години затвор, за злоупотреба на службената положба и овластувања. Поповски вчера беше осуден на казна затвор во траење од девет години, за случајот „Триста“, за јавната набавка на 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи.

Во предметот „Тенк“ првообвинета е поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на која ќе ѝ се суди во одвоена постапка (поради ризична бременост), а рочиште е закажано за во понеделник, 28 мај.

Груевски, за кого ова е прва пресуда од предметите на СЈО, не присуствуваше на изрекувањето на пресудата, според која тој извршил влијание врз Јанкулоска и Поповски, така што од екс-министерката побарал МВР да го купи луксузното возило, а таа го поттикнала помошникот-министер при купувањето да ги фаворизира „Мак Ауто Стар“ ДООЕЛ Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×