Никола Груевски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Премиерот Никола Груевски и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на Конгресот одржан во Куманово, доби уште еден четиригодишен мандат да ја води партијата. Тој беше единствен кандидат за позицијата.

Како што информираше претседателот на Комисијата за спроведување на изборот за претседател на партијата, Илија Димовски, од вкупно 560 делегати за изборот на претседател гласале 529, од кои 528 за Никола Груевски; едно ливче било неважечко. Груевски денеска по четврти пат е избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а првиот мандат го доби на Конгресот во Охрид во 2003.

Делегатите на петнаесеттиот Конгрес, вчера попладне, во текот на работниот дел кој се одржа зад затворени врати, донеле Конгресна повелба во која се утврдени насоките за понатамошното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ, врз основа на конгресниот слоган „Силна Македонија! Стабилност, работни места, инвестиции, доверба, перспектива“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×