Проф.д-р Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ: Капацитетите на УКИМ се ставаат во функција на развој на иновативни стартапи
Објавено на од во Економија
Rektor 4

Проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”

“Универзитетот ќе може да ги стави во функција своите капацитети и заедно со финансиските капацитети и експертизата во сферата на инвестициските фондови кои ја имаат останатите содружници УКИМ ќе ја прошири својата научна активност држејќи чекор со современите трендови”.

 

Минатата недела беше најавен проектот за формирање на бизнис акцелератори, во кој Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ) ќе има една од позначајните улоги. Можете ли да објасните подетално која е улогата на УКИМ во овој проект и која е важноста на овој проект заради што УКИМ одлучи да се вклучи во него?

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ со својот диверзитет на научни области кои ги покриваат факултетите и институтите на Универзитетот, огромниот потенцијал на човечки ресурси во сите научни подрачја, големиот број на лаборатории, како и материјални ресурси со кои располага несомнено е дека ги задоволува сите предуслови за партиципација во акцелератор, во кој ставајќи ги во функција своите капацитети ќе може најефикасно да придонесе за развој на стартапи, забрзување на нивниот раст и развој и со помош на останатите содружници нивно меѓународно вмрежување и партиципација на глобалниот пазар.

Со овој проект, Универзитетот ќе може да ги стави во функција своите капацитети и заедно со финансиските капацитети и експертизата во сферата на инвестициските фондови кои ја имаат останатите содружници УКИМ ќе ја прошири својата научна активност држејќи чекор со современите трендови.

 

Какви фирми ќе можат да аплицираат и каква се поддршка можат да очекуваат новите стартап фирми од деловно технолошкиот стартап УКИМ со цел забрзување на нивниот раст и развој?

Искуството на партнерите во Акцелераторското друштво, несомнено ќе допринесе за забрзување на развојот на мали и средни претпријатија чии иновативни потфати, подржани од страна на Акцелераторот ќе придонесат за нивен побрз раст и развој.

Мали фирми чиј развој почива на иновации од секаков вид ќе можат со техничка и финансиска поддршка на акцелераторот да се развијат, вмрежат и интернационализираат и на тој начин да се забрза нивниот раст.

Универзитетот учествува со најголем удел од 30% во Акцелераторското друштво, во кое содружници се уште четири компании кои се главно претставништва на странски фирми и тоа: финансиската компанија Crimson Capital – Развојна фондација Кримсон Скопје (ЦДФ) чиј удел е 24% со огромна експертиза во управување со инвестициски фондови, потоа Центарот за развој на претприемачи и менаџери -ЦЕЕД Хаб Скопје, чиј удел е исто така 24%, потоа со по 11% учествуваат Фондацијата “Проф. д-р Димитар Стамболиев“ која досега има доделено над 200 стипендии на нашиот Универзитет, како и компанијата РСМ – Македонија, која претставува најголема глобална мрежа на фирми кои работат во над 120 земји и чија експертиза е во сметководствен и даночен консалтинг.

 

Кои се очекувањата од учеството на УКИМ во овој проект и кои резултати или цели за вас би биле успешни?

Очекувањата најмногу се движат во насока на искористување на капацитетите на УКИМ – како на наставно – научниот кадар кој работи на факултетите и институтите на универзитетот, така и на лабораториите и другите ресурси со цел да се зголеми импактот на научните и стручните сознанија кои се генерираат на универзитетот во пошироката општествена заедница.

Синергијата на владината поддршка која влегува како финансиска поддршка во акцелераторското друштво, универзитетот и бизнис заедницата се во светот веќе познати практики т.н. троен хеликс модел, кој можат да резултира со значајни ефекти за сите три страни.

Преку овој и слични проекти, целта е Универзитетот да го направиме поотворен кон иновации и кон нови идеи за поддршка и развој на претприемништвото.

 

На почетокот на годинава Универзитетот формираше и посебно сопствено трговско друштво ИНОФЕИТ, токму за развој и инкубирање на иновации и нивно етаблирање во мали спин – оф компании чија цел е да се зајакнат и пазарно да се позиционираат. Може ли да објасните што точно ќе работи ова друштво и кој се може да има корист од неговото функционирање?

ИНОФЕИТ – Центарот за трансфер на технологии е визионерски формиран со цел да делува во поттикнување на трансферот на знаења од универзитетско ниво во реалниот сектор, трансфер и развој на иновации, луѓе и технологии од и во други земји. Центарот за трансфер на технологии ќе работи на градење на тимови и мрежи кои ќе треба да го овозможат трансферот на напредни и софистицирани знаења и технологии во двата правци кон научно -истражувачката заедница и кон стопанството.

Во таа насока, ИНОФЕИТ ќе дава помош при комерцијализација на иновациите, управување со интелектуалниот капитал, барање на партнери, технологии, информации и изнаоѓање на купувачи на правата од интелектуална сопственост и сл.

Трансферот на технологија ќе се обезбедува преку: континуиран и осмислен систем на обуки, сместување на фирмите на дадената локација, истражување и производство на прототипови на производи,

ИНОФЕИТ во сите наведени процеси презема информативна, едукативна и советодавна улога.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×