Никола Љушев, Вип оператор: Година на прегрупирања на пазарот
Објавено на од во Прогнози 2015

Година на структурни прегрупирања на пазарот и нови технолошки предизвици очекува главниот извршен директор на Вип оператор, Никола Љушев

“Минатата  година беше година на предизвици за Вип оператор. Како резултат на намалувањето на големопродажните цени за терминација во мобилните мрежи и силниот притисок врз малопродажните цени, приходите и профитабилноста на Вип бележат намалување во однос на претходната година, појава којашто е изразена и кај другите оператори на пазарот. Она што не радува е постојаниот пораст на постпејд претпланичката база, како и фактот што оваа година ја воведовме 4Г ЛТЕ мрежата со најголема покриеност на население во Македонија. Така, во декември веќе имаме 13 града во Македонија со 4Г ЛТЕ покриеност, богато порфолио на уреди кои поддржуваат 4G LTE и одлична понуда за корисниците за неограничена комуникација. За првпат во Македонија тестиравме и VoLТЕ, останувајќи посветени на донесување на најнови технологии за корисниците. За 2015 година очекуваме да биде година на структурни прегрупирања на пазарот и на големи предизвици кои со нетрпение ги очекуваме.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×