Никола Попоски: Спорот за името не е техничко прашање за да го решава техничка Влада
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Министерот за надворешни работи Никола Попоски во интервју за „Капитал“ порачува дека не очекува решавање на спорот за името со Грција во 2015-та година од неколку причини – но главно, поради ставот на официјална Атина којашто, според него, веќе и официјално демонстрира незаинтересираност за овој проблем. Сепак, тој признава дека Македонија и тоа како има работа со реформите во повеќе сфери и дека тие проблеми се паралелни со оној, наметнатиот од југ:

„Ние ги немаме завршено сите задачи дома, за сега така стокмени и идеални да чекаме грчкиот премиер да се свести“ вели тој.

Попоски зборува и за приоритетите на Министерството во Новата Година, односите со Бугарија, изолираноста на Македонија од посетите на странските држаници, неговата позиција во владејачката ВМРО – ДПМНЕ и за слободата на говор, за којашто вели дека е одговорност на сите општествени чинители, оценувајќи дека опозицијата кога критикува без аргументи ја девалвира својата улога, но и дека на Владата и недостига објективна критичност кон сопствената работа.

Интервјуто можете да го читате во најновиот број на „Капитал“.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×