Николас Кфури: Новите генерации потрошувачи сакаат искуство, а не само производ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

IMG_3288Николас Кфури, светскиот маркетинг експерт, на предавањето организирано од Капитал Медиа Гроуп, им ги претстави на македонските менаџери најновите глобални маркетинг стратегии

„Лојалноста на новите генерации потрошувачи е сѐ помала, и тие не веруваат во истите вредности на брендовите како пред десет, дваесет или триесет години. Затоа мора да се креира ново искуство за нив, нова перцепција во нивните глави, за да ја прифатат вредноста на брендот“, истакна Николас Кфури, еден од најпознатите светски експерти за маркетинг стратегии, на денешното предавање во Скопје.

Пред присутните менаџери од македонските компании тој објасни како се прави квалитетна маркетинг анализа, земајќи ги предвид промените во однесувањето на новите генерации потрошувачи, како и сите актуелни технолошки трендови.

„Маркетинг менаџерот ја има всушност улогата на илузионист – да креира илузија во главите на портошувачите, перцепција за она што брендот сака да го претставува. Да го земеме примерот на Converse Аll Star патиките, производ што суштински не е сменет со децении, но со актуелните маркетинг кампањи креира емоции и кај новите генерации потрошувачи, кои со истата страст ги носат овие патики како и генерациите на нивните родители“, рече Кфури.

Поопширно за денешното предавање на Николас Кфури ќе може да прочитате во следниот број на магазинот Капитал што ќе излезе на 1 јули 2016 година.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×