Николче Бабовски: Ги исплативме сите заостанати земјоделски субвенции од сите претходни години
Објавено на од во Интервју

Babovski WEB 978 01Николче Бабовски
директор на Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој

Агенцијата наследи големи ненамирени обврски од страна на Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, и тоа по Програмите за финансиска поддршка од 2014 – та до 2017- та година. Тоа се вкупно четири години, и огромна сума на средства што реално беа на земјоделците, но од некои причини не беа исплатени. За единаесет месеци сите заостанати долгови, или вкупно 144 милиони евра се исплатени. Од нив по Програмата за земјоделство исплатени се нешто повеќе од 129 милиони евра, за Програмата Рурален развој вкупно 15 милиони евра и за Програмата рибарство и аквакултура околу 300 илјади евра. Работевме напорно, вработените постојано беа дополнително ангажирани, се со цел финансиската поддршка предвидена за земјоделците конечно да биде исплатена, а со тоа земјоделците и тој сектор да добијат нов, свеж капитал кој би можеле да го реинвестираат во нови насади, или пак во нова модерна земјоделска механизација.

 

Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за годинава предвидува исплата на околу 101 милиони евра. Какви ефекти очекувате да дадат овие субвенции?

100 милиони евра се сериозни средства, затоа очекувам, и не само што очекувам, туку и треба да направиме овие средства од агро – секторот повторно да се вложат во него. Само со реинвестирање на средствата, искористување на нови средства преку Мерките и Програмите може да се унапреди домашното земјоделско производство. Само со напредно земјоделство, добри земјоделски практики, политики и зголемување на површините и производството може да постигнеме резултати. Клучот за успехот е во унапредување на фармите, окрупнување на земјоделските парцели, здружување на земјоделците во кооперативи, само на тој начин може да очекуваме резултати. Но, за волја на вистината, сакале да признаеме или не, време е земјоделците да почнат да работат и на потпишување на договори за откуп на производите со откупните центри, на тој начин однапред ќе се знаат потребите на пазарот, но, и на преработувачките капацитети и на тој начин нема да се создаваат вишоци. А со тоа нема да се доведува во прашање откупот и нема да има потреба од интервентни мерки кои потоа преку дополнителна субвенција треба да ја дадеме. Подобро е наместо во дополнителна субвенција тие средства да се насочат кон нови мерки што на долг рок ќе донесат други поволности. Но, освен ова, Македонија во секторот земјоделство треба да ги следи и препораките на ЕУ, се со цел создавање квалитетен сектор кој лесно би се вклопил во големото јато на земји членки на Европската унија. Владата и ние веќе ги преземаме сите потребни чекори со цел заедно со земјоделците да добиеме квалитетни производи, но и поголем род за да може да покажеме дека сме сериозни во намерата за развојно и унапредено земјоделско производство.

Најголем дел од предвидените пари се всушност заостанати неисплатени обврски префрлени од претходни години и оваа пракса се повторува секоја година. Може ли годинава да се исплатат сите субвенции како што е планирано?

Агенцијата наследи големи ненамирени обврски од страна на Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, и тоа по Програмите за финансиска поддршка од 2014 – та до 2017- та година. Тоа се вкупно четири години, и огромна сума на средства што реално беа на земјоделците, но од некои причини не беа исплатени. За единаесет месеци сите заостанати долгови, или вкупно 144 милиони евра се исплатени. Од нив по Програмата за земјоделство исплатени се нешто повеќе од 129 милиони евра, за Програмата Рурален развој вкупно 15 милиони евра и за Програмата рибарство и аквакултура околу 300 илјади евра. Работевме напорно, вработените постојано беа дополнително ангажирани, се со цел финансиската поддршка предвидена за земјоделците конечно да биде исплатена, а со тоа земјоделците и тој сектор да добијат нов, свеж капитал кој би можеле да го реинвестираат во нови насади, или пак во нова модерна земјоделска механизација. Исто така беа реализирани и дополнителните мерки во делот на производството на домат, бостан, грозје. Важно е да се потенцира и тоа што не само субвенциите, неисплатени беа и средствата за обесштетување на земјоделците на кои родот им настрада од временските непогоди. Само за обесштетување исплативме над 4 милиони евра, пари кои им се добредојдени на земјоделците, и колку – толку им ја ублажија финансиската загуба по временските непогоди.

Веќе е започната и реализацијата на Програмата за 2018 година, по која се исплати финансиската поддршка за производство на тутун во износ од околу 27 милиони евра, а тече и реализацијата на останатите мерки. Со ваквиот начин на работење и со овој пристап, очекуваме земјоделците да бидат помотивирани да ги зголемуваат приносите, да инвестираат во нови сорти и култури кои се светски тренд, да почнат полека да се прилагодуваат на барањата и потребите на европските пазари. Секторот земјоделство е еден од најклучните алки во процесот на евроинтеграции. Затоа сите заедно, односно и ние како Агенција, и Министерството за земјоделство но и Владата и земјоделците во наредниот период ќе мораме напорно, прецизно и со многу прилагодувања да покажеме дека сме подготвени за влез во ЕУ. Ова го кажувам затоа што секторот земјоделство и поглавјето посветено на овој сектор, се еден од најобемните, и овде нема простор за импровизации. Европа бара конкретни чекори и резултати, ефекти и напредок. Сега е времето, сериозно да се пристапи и да се одговори на висина на поставената задача. Од друга страна тоа за нас ќе значи отворање на нови пазари, зголемено производство, поголем принос и секако повеќе пари. Но, за да ги добиеме нив, мора прво да сработиме и да ги надминеме сите нотирани забелешки и проблеми. А потоа секако ќе следат резултатите и ефектите кои ќе ги почувствуваме сите.

Babovski WEB 978 03Неодамнешна анализа на експерти од ЕУ откри дека земјоделските субвенции најмногу ефекти дале во сточарството, додека најмалку во растителното производство и сугерираа да се промени моделот на субвенционирање. Разговарате ли со останатите надлежни институции во оваа насока?

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството е институција надлежна за имплементација на политиките во делот на агро – секторот и руралниот развој кој ги носи Владата и Министерството за земјоделство. Но, и покрај тоа Агенцијата активно учествува и соработува со Министерството околу тоа во кој правец треба да се движат политиките на финансиската поддршка и руралниот развој на земјоделството во Македонија. Нашите вработени постојано се на терен, ги нотираат сите забелешки од страна на земјоделските производители, ги слушаат нивните предлози, како и во кои делови треба да се направат промени во земјоделската политика која ќе се спроведува во наредниот период. Очекуваме, во наредниот период со новите Програми и Мерки да постигнеме поголеми позитивни ефекти во делот на земјоделското производство, односно зголемено производство, поголем квалитет, и конкурентност на домашните земјоделски производи и преработки. Анализата и препораките на странските експерти ги слушнавме сите, секако дека кога веќе се нотирани слабостите сите заедно ќе работиме за тие да се отстранат. Очекувам во наредниот период и конкретни мерки и чекори за поправање на оценката и испорачување на резултати кои ќе донесат нови конкретни чекори и реализирани проекти.

Дел од забелешките се и дека процедурите за аплицирање, исплатата и контрола на субвенциите е сложена и не е согласно европската пракса. Ќе има ли промени во овој дел?

Ние сме практично оператива и тело кое само дава насоки во кој правец би требало да се движиме. Според мене, процедурите за аплицирање за добивање на субвенции не се сложени, земјоделците си ја знаат постапката и ретко кога има проблем. Дополнително олеснување е и тоа што пријавувањето за добивање на субвенции се врши електронски. Оние земјоделци кои не знаат сами да си аплицираат за субвенции се обраќаат во Подрачните единици на МЗШВ и на АПРЗ од каде добиваат помош. Во изминатиот период и Владата и АФПЗРР работеа на поедноставување на апликациите за искористување на средствата кои се нудат преку ИПАРД Програмите. Доказ дека целта е постигната е и последниот повик за мерката на која има досега најголем број на одобрени апликации или вкупно 692. До денеска соодветни инвестиции кои вклучуваат набавка на трактор се 688, од нив 225 се апликации кои бараат набавка само на трактор, додека 463 за набавка на трактор плус дополнителна механизација или опрема. Во моментов, континуирано се потпишуваат договорите со апликантите кои ги исполнуваа условите за искористување на средствата преку оваа Програма. До денеска потпишани се вкупно 526 решенија во вредност од околу 4 милиони евра, додека по Мерка 1 потпишани се веќе 25 решенија со вкупна сума од 6,1 милиони евра. Како се обработуваат останатите така ќе се потпишат и преостанатите решенија.

Најголем дел од средствата се користат за набавка на трактори, но радува податокот што земјоделците освен за трактори покажаа интерес и за набавка и на мотокултиватори, дефрост машини за земјоделските култури, системи капка по капка, ѓубрерастурачи, прскалки, опрема за благосостојба на животните и унапредување на домашните фарми, ловци на мраз, линија за транспорт на храна и уште многу други приклучни механизации кои ќе овозможат земјоделците полесно и на побрз начин да ги извршуваат работите кои ги имаат на нива или на фармите. Најголем дел од апликациите пристигаат од Пелагонија, по овој следи Вардарскиот регион, голем број на земјоделци од југоисточниот регион ги исполнуваат условите за добивање на европската помош, а веднаш по овие следуваат североисточниот, југозападниот, а најмал интерес покажаа земјоделците од Полошко. Со овие нови машини и средства освен што ќе им се олесни работата на земјоделците, ќе се унапреди состојбата на фармите но и на земјоделските стопанства, што пак од друга страна ќе значи и зголемено производство, како и зголемен извоз на домашните земјоделски производи. Преку Мерката 112 од Програмата за рурален развој за Млади земјоделци, доделивме еднократна помош од по 10 илјади евра на вкупно 424 млади луѓе, кои имаа соодветни апликации. Тие добија нов свеж капитал кој го инвестираа во набавка на земјоделска механизација и за инвестиции во производствени капацитети.

Актуелниот министер за земјоделство додека беше пратеник во опозиција, обвинуваше за распределба на субвенциите по партиска линија и бројни други недостатоци и злоупотреби а причините ги лоцираше токму во нетранспарентноста на Агенцијата. Се промени ли работењето на оваа Агенција со промената на власта?

За да направите разлика каква била транспарентноста порано а каква е сега, доволно е да ја отворите веб страната на Агенцијата. Ќе видите дека речиси на дневна основа ги информираме земјоделците што се правело во текот на денот. Исто така сакам да истакнам дека јас како личност не правам поделби. Пред мене сите луѓе без разлика на вера, нација, политичка определба или ставови се исти. Заврши времето кога во оваа институција со која веќе речиси една година раководам се правеле селекции и имало селективно исплаќање на средства по разни основи. За мене, но, и за Владата единствен основ за добивање на субвенција или средства од некои мерки или програми е Законот. Сите земјоделци или стопанственици кои ги исполнуваат условите за добивање на средствата ги добиваат без никакви поделби на ваши или наши. Сакам да истакнам и дека мојата врата е секогаш отворена за сите, и на дневна основа низ мојата канцеларија поминуваат над десетина странки кои имаат некаква мака. Секаде каде правно – законски може да се реши проблемот го решаваме. Јас сум тука да работам во интерес на граѓаните. Мој предизвик е да направам силен прогрес во работењето на АФПЗРР, но и да повлечеме што повеќе средства од предвидените. На крајот кога ќе го видиме резултатот, контрактираните суми на европски средства, и кога ќе видиме нов елан и енергија кај земјоделците ќе сфатиме дека вредел секој дополнителен товар. Целта е да направиме успешна приказна и да покажеме дека знаеме да работиме и да испорачаме резултати.

Babovski WEB 978 02Неодамна објавивте повик за општините за капитални инвестиции од Програмата за рурален развој. Каков е првичниот интерес и какви ефекти очекувате од овие мерки?

Интересот за искористување на овие средства е голем. Дел од општините веќе поднесоа апликации, затоа што Единиците на локалната самоуправа овие средства ги гледаат како добра можност со помош на нов свеж капитал да ја подобрат патната инфраструктура, да ревитализираат или да градат нови водоводни и канализациони мрежи, да си подготват Детални урбанистички планови, или да си зачуваат објекти или места кои се од културно значење. Целта е, со овие нови капитални инвестиции да се овозможи младите и воопшто луѓето од руралните средини да имаат услови за поквалитетен живот во родните огништа, да го стопираме егзодусот на жители кон Скопје или поголемите градови во земјава. Младите да создаваат семејства во куќите на нивните дедовци и иднината да не ја бараат во странство.

Колкава е искористеноста на европските фондови од ИПАРД програмата досега и што правите за да стимулирате поголема искористеност?

Ако со целата ИПАРД 1 Програма односно 2007 – 2013 година, имаше склучено 1.091 договори, или само 17% искористеност на средствата, со ИПАРД 2 веќе со првата мерка имаме одобрени апликации за добивање на средства за 692 корисници за набавка на трактори и друга механизација, без да биде одбиен ниту еден земјоделец кој ги исполнил условите за добивање на оваа помош. Што значи дека поедноставените процедури и апликации веќе вродија со плод. Не велам дека нема простор за дополнително поедноставување на целиот процес, но, за сите идни можни промени или поедноставени процедури, дополнително откако ќе се знаат деталите, транспарентно ќе ја информираме јавноста. Моја лична амбиција, но, и цел на вработените во АФПЗРР е што поголем дел од средствата да стигнат до земјоделците или до бизнис заедницата. Со помош на овие средства имаме шанса да ги унапредиме нашите земјоделски стопанства, домашните фарми, преработувачките капацитети. Ние сакаме просперитет на домашниот агро – сектор. Оптимист сум дека заедно со Владата и земјоделците ќе ги прескокнеме сите пречки, ќе го зголемиме производството, ќе го подобриме квалитетот и количините и на тој начин ќе создадеме една успешна приказна.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×