Нимиц денеска ќе се сретне со државните и политичките лидери на Македонија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Грција и Македонија, Метју Нимиц, денеска во Скопје ќе има средби со претседателот Ѓорѓе Иванов, со премиерот Зоран Заев, со министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

Официјална изјава за посетата и ефектите од разговорите во Скопје медијаторот Нимиц, според најавите од МНР, ќе даде по средбата со министерот за надворешни работи.

Тој во земјава дојде вчера од Атина, и по пристигнувањето само кусо порача дека „по Атина очекува добри разговори и во Скопје“.

„Имавме добри средби во Атина. Се надеваме дека ќе имаме добри средби и тука. Се радувам на средбите во Владата и со другите лидери во Скопје“, изјави посредникот Нимиц по пристигнувањето во Скопје.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×