Нимиц: Историскиот Договор отвора врата за нови односи меѓу соседите
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

NimicСпецијалниот пратеник на генералниот секретар на ОН и посредник во грчко-македонските преговори, Метју Нимиц, преку писмено соопштение го поздрави изгласувањето на уставните амандмани во Парламентот, во согласност со Договорот од Преспа и очекува комплетирање на процесот.

„Ги поздравувам финалните чекори преземени од Парламентот на поранешна југословенска Република Македонија во насока за имплементација на Договорот од Преспа. Сакам да му честитам на Парламентот и на граѓаните за ова достигнување и за демократскиот начин на кој е изведен овој важен процес.

Овој историски договор меѓу двата соседи ја отвора вратата за нов однос меѓу нив и за поцврста основа за мир и безбедност на Балканот. Очекувам комплетирање на процесот како што е предвидено со Договорот”, пишува во изјавата од Нимиц. Тој уште потсетува дека како и досега, Обединетите Нации остануваат посветени на работењето со двете страни за конечно решавање на разликите меѓу нив.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×