Нимиц по средбата со Коѕиас: Сега е вистинско време да се реши спорот за името
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Сега е вистинското време да се реши 25-годишниот спор за името и има волја и на двете страни за тоа“, изјави посредникот на ОН, Метју Нимиц, по средбата во Атина со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас.

Оценувајќи ја средбата како конструктивна, како што јави дописникот на МИА од Атина, Нимиц рече дека грчката Влада е искрена и активна во решавањето на проблемот.

Постојат неколку тешки прашања, но мислам дека во Атина и во Скопје, има добра волја да се затворат.

Нимиц не сакаше да прецизира што содржат неговите последни предлози доставени до Атина и до Скопје. Посочи дека во медиумите протекоа некои од идеите, но нагласи оти јавно засега не може да зборува за тоа.

„Двете страни може да имаат и нивни идеи за кои јас можам да посредувам, но не да судам. Од моја страна давам идеи за кои сметам дека се најдобри во моментов“, рече Нимиц.

Тој претходно имаше средба со Јорогос Кумуцакос, одговорен за надворешна политика во опозициската Нова демократија, но по средбата не беа дадени изјави за медиумите.

Посредникот на ОН од Атина утре заминува во Скопје на дводневни разговори со македонскиот државен врв.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×