Нимиц стигна во Скопје – на агендата има средби со Заев, Иванов, Димитров, Мицкоски и Ахмети
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, по посетата на Атина денеска пристигна во Скопје на дводневни разговори со македонскиот државен врв.

Нимиц претпладнево беше во скопскиот хотел „Холидеј Ин“ со своите соработници, но не даде изјави за медиумите.

Изјава од медијаторот, како што информираат од Министерството за надворешни работи, е предвидена по неговата средба со министерот Димитров.

Нимиц, како што е најавено ќе биде примен од претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев, а ќе има средби и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и со претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Медијаторот вчера, по средбата со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, изјави дека постои моментум и оти е време за носење одлуки. На средбата двајцата разговарале за идеите кои медијаторот ги достави пред две седмици, ги слушнал позициите на Владата и оцени дека грчката Влада е искрена и активна во решавањето на проблемот.

„Мислам дека постои моментум тука. Чекањето нема смисла тука, нема смисла кај северниот сосед, генерално нема смисла. Разговараме за ова прашање 25 години, сите знаат кои се прашањата. Време е за носење одлуки и мислам дека сме тука“, рече медијаторот по средбата со Коѕиас, без да даде конкретен временски рок, потенцирајќи дека во следните седмици ќе има разговори и потоа ќе треба одново да се процени ситуацијата, јави дописникот на МИА од Атина.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×