Нимиц: Терминот „Македонија“ ќе го има во предлог-решението за името
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Терминот „Македонија“ ќе биде вклучен во предлог-решението за името, изјави медијаторот на ОН во преговорите за грчко-македонскиот спор за името, Метју Нимиц, пред денешната нова рунда разговори во Њујорк со претставниците на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адемантиос Василакис.

„Терминот „Македонија“ ќе биде содржан во предлог решението за името, бидејќи веќе го имаат признаено повеќе од 100 земји во светот“, изјави Нимиц за грчката ТВ Антена. Посочи дека името со кое земјата е заведена во ОН е „поранешна југословенска република Македонија“, односно терминот Македонија е дел од името, а и Грција ја има признаено со тоа име.

Нимиц истакна дека нема волшебно решение за името, оти спорот трае предолго и дека натамошното одолговлекување би го направило проблемот уште потежок за решавање.

Медијаторот се надева дека ќе се најде решение што ќе ги задоволи амбициите и на Атина и на Скопје. Вели дека во Грција доминира ставот оти по надминувањето на економската криза земјата треба да игра позначајна улога во регионот. Еден од начините за тоа е Грција да го реши проблемот со својот северен сосед, рече Нимиц.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×