Нимиц во Скопје од први до четврти јули
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Специјалниот претставник на Обединетите нации и посредник во разговорите меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, од 1-ви до 4-ти јули ќе престојува во Скопје

„На покана на Владата на ФИРОМ, специјалниот претставник на ОН и посредник во разговорите меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, од 1-ви до 4-ти јули ќе престојува во Скопје, каде ќе дискутира за остварување напредок во наоѓањето заедничко прифатливо решение за спорот со името“, е наведено во денешното соопштение од Канцеларијата на портпаролот на Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во Њујорк.

Во соопштението се додава дека на покана на Република Грција, Нимиц се очекува да замине за Атина, што би се случило што поскоро, по средбите во Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×