Поради тоа што не можат да се договорат руски Газпром и турската државна компанија Ботас, на неодредено време е одложена изградбата на многу најавуваниот гасовод Турски тек. Експертите тврдат дека до откажување на гасоводот кој требаше да биде замена за Јужен тек дошло не само од економски причини, туку и поради заладувањето на односите меѓу Анкара и Москва по неодамнешниот говор на Путин во Ереван, каде го осуди геноцидот врз Ерменците што го извршила турката војска.
Руските медиуми тврдат дека Газпром веќе трпи загуби. Бродовите кои требало да ги поставуваат цевките на дното на Црното Море стојат во руските пристаништа, а Турците губат затоа што, наместо да го користат попустот на цената на гасот, сега плаќаат за гас сто долари поскапо од просечната европска цена. Турците сега за илјада кубици гас плаќаат 370 долари. Наместо да се договори со Москва, Анкара сѐ повеќе купува течен гас. Така сега наместо да се договори со Москва, Анкара сѐ повеќе купува течен гас.
Очигледно, доаѓа време кога во ова геостратешко надмудрување и Македонија ќе треба стратешки да одлучи како и од кого ќе се снабдува со гас.