Ништо не е случајно, сите наши постапки се програмирани во мозочните структури
Објавено на од во lifestyle

[caption id="attachment_56561" align="alignright" width="300"]prof.d-rChepreganovMetodi Проф. д-р Методи Чепреганов[/caption]

Aгресивноста во интерперсоналните односи (2 дел)

Различни мозочни структури управуваат со сложениот феномен на агресијата, со нејзиното изразување и модулација, како и со сите   комплементарни механизми, што значи дека ништо со нас и околу нас не се случува случајно, сите наши дејанија се програмирани во мозочните структури, кои за жал во текот на матурацијата на мозокот можат да бидат повредени,така што бројни се процесите, од генетска природа, понатаму, изложеност на токсини, повреди, малнутриција, воспаленија и инфекции, невронални миграции, итн.

 

Проф. д-р Методи Чепреганов

Теоријата на фрустрациона агресија, се заснова на фактот дека ” појавата на асоцијално и агресивно   однесување на една   личност секогаш претпоставува постоење на фрустрација и обратно, постоењето на фрустрација секогаш води кон некој тип на агресија и асоцијално   однесување ” .

Да, според   бројни   психолози оформувањето   на хармонијата на социјалниот   мозок   и социјалната   когниција, е   процес кој трае и во него   се   имплицирани бројни фактори:

-       личните животни фрустрации и нивниот   интензитет,

-       карактерот на индивидумот,   поточно хармоничниот, или дисхармоничниот конгломерат на неговите карактерни особини патопластицирани во текот на неговиот живот,

-       неговата едукација,

-      воспитание,

-       инкорпорацијата на социјални, морални, религиозни и етички норми,

-       и богатството и резервоарот   на знаења

 

На   овој   животен багаж, секогаш се натоварени и политички и општествено социјални елементи, креирани, помалку, или повеќе, во зависност од времето на   нашето   постоење, така што секој од   нас го носи со себе и печатот на своето време .

Столетијата, со сите социјални, економски и воени премрежија, на фундамент на одреден ниво на   заедничка едукација   и воспитание, го формираат психо профилот на една нација, со сите архетипови во   колективното   јас, од   што покасно   ќе зависат   менталните   и   интелектуалните   склопови и   капацитети на општиот позитивен, или негативен квантум на таа нација, популација,   или народ, неговото   однесување,   интелектуален   капацитет   и знаења, работоспособност, толерантност и флексибилност, визионерство   и   креативност, со еден збор нивото   на   неговото   постоење, крајно   примитивно, или високо   интелектуално,   практично, хумано   и издржано.

Ова означува дека токму   овој, т.н. општествен   параметар со тек   на многу години   го “ креира“ психо профилот на една популација,   на еден   народ, поточно го:

-       моделира начинот на размислување и делување на   масата,

-       осмислено,

-       конструктивно,

-       објективно,

-       реално   и

-       визионерско   кон   иднината, или

-       емотивно,

-       моментално,

-       неиздржано,

-       импровизаторско,

-       без креативност,

-       со склоност   кон уништување на се   што било создадено   од претходните генерации.
Крајно   опасен феномен кој го   креира психо профилот на една   одредена популација, односно   народ, а кој за жал   го стопира   прогресот   на истиот тој   народ.

Во актуелниот момент, тоа би бил фундаментот, за еминентните психолози во светот на   теорискиот концепт на анатомијата на човечката деструктивност,   преточена во   нов     вокабулар во   името   на социјална   когниција, со социјални структури во   мозокот, задолжени за неа, со хармонично, или дисхармонично функционирање на секоја   личност,   пред се’ во знаењата, во толеранцијата и флексибилноста богата со   емпатија, како   фундамент во   нашите секојдневни   интерперсонални     конекции.

Сепак, современите мислители, а особено психолозите се исправени пред еден апсурд, на нашето секојдневие во   името   на ” степенот на деструктивност за кој   очекуваме   да се намалува со матурацијата на цивилизацискиот ментум, за жал ефектот е обратен, тој расте, во корелација со се’ поголемиот развиток и напредок на цивилизацијата “.

Апсурд кој ја застрашува и прави ирационална иднината на светот!

Сферите на политичко и економско влијание, како сценарио од некоја моќ, кон некого, ги загрозува човековите витални интереси загрозувајќи ја неговата лична и општествена слобода.

Желбата за слобода е биолошка реакција на човечкиот организам и во неа се длабоко инкорпорирани културата и едукацијата на секоја индивидуа .

Историјата на цивилизациите, во суштина, секогаш била борба за слобода и слободен опстанок, бидејќи отсекогаш слободата била услов за успешен развој на една личност, за негово добро ментално здравје и благосостојба.

Симболички речено, слободата е олицетворение на виталниот биолошки интерес на човекот. Нејзиното загрозување предизвикува дефанзивна, одбранбена агресија кај индивидумот, исто како и кога се загрозени неговите витални интереси и функции .

Ако би се обиделе да заклучиме во   контекст   на социјалната   когниција, мораме да признаеме дека дефинитивен заклучок немало и веројатно нема да има:

- вртешката на животот се вртела, се врти   и продолжува да се врти и понатаму, и тоа во две насоки, или

- реално, вистинито, објективно   и максимално   хармонично, животворно, или

- нереално, лажно, изместено,   необјективно,   ирационално,   импровизаторно   и   полно со   емоции, кои за жал ја стеснуваат   свеста   и совеста и го   реметат логичниот   начин на размислување,   неживотворно и животоуништувачко.

За жал   и   поред   постоењето кај сите   од нас на мозочни структури за социјален мозок, останува апсурдот   и   ирационалноста за нашата сопствена деструкција, вековно   присутна   и   неискоренлива, со   отворена енигма до кога   и зошто ?

И за крај малку невронаука.

Фундаментално прашање: дали агресијата   има невробиолошка подлога и која е експликацијата   на невронауката во актуелниот   момент ?

Во функционална смисла мозокот е поделен на два дела:

стар дел (палео кортекс, амигдала   и   хипокамп) кој управува со основните функции, нагоните и инстиктивните реакции,   и млад дел кој управува со вишите функции, претставен со неокортексот.

Двата дела се во постојана   и   интензивна   комуникација.

Агресивното однесување потекнува од дисфункцијата на меѓусебно поврзаните   мозочни структури во кои спаѓаат префронталниот кортекс, предниот цингуларен кортекс, и субкортикалните   лимбични структури со амигдалата.

Предниот цингуларен кортекс функционално се поврзува со вишите извршни функции и стратешкото планирање, тој ги разрешува конфликтите и препорачува соответна акција.

Вишите центри на кој предниот цингуларен кортекс и предложува решенија е орбитофронталниот     кортекс, кој има   улога да донесува одлуки и да го планира нашето однесување.

Нашата психобиолошка хармонија, нарекувана со   име   хомеостаза, постојано е во корелација со нашиот хормонален баланс, или дизбаланс, со неуромодулаторите ( норадреналин, серотонин и допамин) како и со неуромедијаторите, глутаматот како ексцитарот и акцелератор и ГАБА како инхибитор и кочничар.

Во невробиолошкиот концепт   на агресивното однесување   посебно место завземаат невротрансмитерите и гените.

Невротрансмитерите (неуромодулаторите) служат за пренос на сигналите помеѓу невроните и се имплицирани на различни начини во голем   број на   пореметувања, во антисоцијалното однесување, во агресијата   и насилството.

Од друга страна, дисфункцијата   на гените, кои регулираат различни аспекти на серотонинергичната и допаминергичната неуротрансмисија, играат значајна   улога во патофизиологијата на агресијата   и насилството.

Различни мозочни структури управуваат со сложениот феномен на агресијата, со нејзиното изразување   и   модулација, како и со сите   комплементарни механизми, што значи дека   ништо со нас   и околу нас не се случува случајно, сите наши дејанија се програмирани во мозочните структури, кои за жал во текот на матурацијата на   мозокот   можат да бидат   повредени, така што бројни се процесите,   од генетска природа, , понатаму, изложеност   на токсини, повреди, малнутриција, воспаленија и инфекции, невронални миграции, пореметувања во органогенезата, сите тие можат да доведат до суптилни конституциски слабости во клучните   мозочни регии кои го регулираат агресивното   однесување,

Сите ние на Мајката Земја планета живееме со аксиомот “сé е менливо   и   минливо“, “сé тече   и сé   се менува“, а дијалектиката   многу   јасно и едноставно го дефинира нашето постоење, “се   оддалечуваме за да се   приближиме, а сме се   приближиле бидејќи веќе сме се   оддалечиле“.

Емотивните   напливи   тлеат во нас и на различен начин биваат експримирани   и доживеани, во корелација   со   нашата психофизичка природна надареност, со нашата карактерна специфика, со нашиот резервоар на знаења, со нашата   едукација   и воспитување, со сето она што сме го   вградувале во нас, во текот на нашиот   живот или ни го дала   “мајката природа“.

Внатрешните   капацитети за регулација на емоциите се сосема индивидуални, субјективни и различни за секоја личност, одделно, и во   никој случај не можат да се   унифицираат; тие се   во директна поврзаност со правилниот и навремен развиток со   основите на   емоционалната сознателност   и зрелост, феноменологија, во која стресот, со своето влијание,   игра огромна улога.

Денеска   научниот свет со сигурност знае дека психопатологијата на емоциите е една крајно богата научна раскрсница,   крстопат низ кој минуваат различни дисциплини: невробиолошки, психијатриски, психоаналитички,   когнитивни   психолошки, социјални и клинички.

Целта на сите коишто се занимаваат со оваа проблематика, е   крајно симплифицирана и единствена:

максимална   психопатолошка интегрираност на афективните   феномени, за што   поголема и поисцрпна самоконтрола на истите во нашето секојдневно постоење,   како би можел нашиот живот да ја има својата основна смисла и цел, знаење, креација, визија, исполнетост и задоволство   од и со работата, сето тоа   на длабок духовен   фундамент.

Агресијата, за жал е секојдневно   присутна во   нашите   интерперсонални односи, дома, на работа, на улица, дури и во дипломатските     односи   помеѓу државите, значи секаде   и на секое   место, каде постојат најмалку две   индивидуи.

Главните   креатори,   и   подгревачи, на најголемата   опасност на иднината за секого од нас е ЕКОЛОГИЈАТА НА ДУХОТ- НАШИТЕ ИНТЕРПЕРСОНАЛНИ ОДНОСИ, поточно проблемот на агресијата односно моќта   на човековиот деструктивен инстинкт (нагон), од нас   и врз нас самите, сосема свесни дека “човек кон човека е волк “.

 (Продолжува)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×