Ниска транспарентност на претпријатијата во државна сопственост
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации со наслов „Транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост“, установено е дека државните фирми слабо ги известуваат граѓаните за нивната работа.

F4D2248E-4A30-4023-9DD1-C2258717E811_cx0_cy2_cw0_w1023_r1_s

Клучните наоди се:

  • Просечното ниво на транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост, односно  исполнувањето на законските обврски и добрите стандарди, изнесува само 28% од можни 100%.
  • Ниту едно од 30-те најголеми претпријатија во државна сопственост, чии вкупни годишни приходи надминуваат 700 милиони евра, нема високо или солидно ниво на транспарентност (исполнување на обврските над 60%).
  • Исполнети се услови за разрешување на 18 директори на јавни претпријатија, од кои 6 основани од Владата, а 12 од локалните власти, поради необјавување извештаи од работењето.
  • Претпријатијата основани од Владата имаат просечно ниво на транспарентност од 31%, а претпријатијата основани од општините 27%.
  • На врвот на ранг-листата со највисоко ниво на исполнување на обврските, и тоа од само 52%, е ЈП за државни патишта, а на дното со 0% се наоѓа АД  Градски трговски центар.
  • Речиси половина од претпријатијата ги немаат објавено ниту имињата на членовите на управните и на надзорните одбори. Ниту едно претпријатие основано од Владата или од општините не објавува информации за седниците на управните одбори.
  • Обврската за задолжително објавување на плановите за јавни набавки со сите измени и дополнувања не ја почитуваат дури 67% од претпријатијата.

 

Истражувањето е спроведено во рамките на проектот „Засилување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и во приватниот бизнис-сектор“ и е финансиран од Европската Унија. Повеќе информации може да најдете тука, или контактирајте го Центарот за граѓански комуникации.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×