Ниту едно јавно претпријатие не поминало на испит кај ревизорите?
Објавено на од во Економија
Загрижувачки е фактот дека сите јавни претпријатија паднале на задолжителниот дел од испитот спроведен од ДЗР односно ниту едно од нив не добило позитивно мислење. Тие или добиле мислење со резерва или државниот ревизор се воздржал од изразување мислење. Воздржувањето од давање мислење претставува најлоша ревизорска оценка бидејќи сугерира дека документацијата до тој степен била несоодветна, неуредна, некомплетна и неточна што ревизорот бил во ситуација да не може да оформи мислење.
revizija-finansiski-izveshtaiСпоред истражувањето, само едно од 16 анализирани јавни претпријатија положило на тема усогласување со законите и регулативите, а за ниту едно ДЗР нема дадено позитивно мислење за финансиските извештаи.
Анализата покажува дека дел од претпријатијата нецелосно и неквалитетно прават попис, несоодветно ја документираат трговската книга, нецелосно и неточно ги утврдуваат приходите од наплата, не применуваат систематизација за работните места и приложуваат нецелосни и погрешни податоци за сметките, износите и направените корекции.
Кај некои јавни претпријатија ДЗР забележува дека се вршела исплата на прекувремена работа која не била во согласност со Законот за работни односи, а дел од нив исплаќале надоместоци во поголем износ од тој утврден со закон.
Институт за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС) направи анализа во која беа проверени информациите содржани во ревизорските извештаи изработени од Државниот завод за ревизија (ДЗР) за сите јавни претпријатија – вкупно 16 во изминатите пет години.
Анализата на ревизорските извештаи покажува дека јавните претпријатија имаат предизвици при почитувањето на законите, состојба што се увидува и во извештаите од ДЗР.
Целосната анализа за ревизорските извештаи на јавните претпријатија може да ја најдете тука.
Проектот „Кон добро управување во државните претпријатија и независните тела” (Improved good governance of state owned enterprises and independent state bodies) го спроведува Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и е финансиран од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×