Ниту Хан не успеа да посредува за договор – еврокомесарот замина разочаран, Заев обвини дека Груевски купува време, за ВМРО-ДПМНЕ сепак имало прогрес
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Пропаднаа преговорите посредувани лично од еврокомесарот Јоханес Хан што рано изутринава завршија во резиденцијата на Европската унија во Пржино. Нема договор меѓу партиите за отворените прашања од Договорот од  2 јуни/15 јули. Единствено е постигнатата  согласност разговорите на партиските работни групи да продолжат.  Еврокомесарот не го криеше своето разочарување по состанокот, но, за да не ги обесхрабри преговарачите, тој рече дека останува оптимист.

„Дефинитивно ова не беше добар ден. Не постигнавме договор, но останувам оптимист. Се надевам дека лидерите ја сфатија сериозноста на ситуацијата. Она што е потребно е лидерство, одговорност и водење грижа за интересите на земјата и нејзината иднина“, изјави Хан околу четири часот утрово,  по речиси дванаесетчасовните разговори со лидерите на четирите политички партии.

По ова тој сугерираше во тек на денешниот ден да се постигне договор.

„Се надевам дека во текот на денешниот ден ќе се постигне договор. Тоа е апсолутно неопходно за да се придржуваме до договорот од јуни и јули кој беше поздравен од меѓународната заедница, а кој ја одржува жива европската перспектива на земјата. Не можам да предвидам што би значело тоа за европските аспираци“, изјави еврокомесарот, кој замина од Македонија, но рече дека „неговите луѓе остануваат тука“, и дополни дека„тие не можат да ја завршат работата на политичарите“.

Разочаран е и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој ја обвини за неодговорност другата преговарачка страна:

„Не можам да сфатам ниту јас, ниту нашиот преговарачки тим, а верувам ниту нашата македонска јавност, како на некој може да му е поважно да од овие 12 часа разговори, повеќе од 8-9 часа потроши на важноста на донесување на законот за забрана на објавување на политичките бомби, од европската иднина на сите граѓани на Република Македонија“, изјави Заев, кој обвини дека ВМРО-ДПМНЕ купува време и потенцираше дека остануваат уште само 20 часа да се имплементира законот за специјалниот обвинител и да се избере техничката влада за да може да се испочитува Договорот од Пржино.

„Спорот во делот на техничката влада е ветото на замениците министри. Апсолутно тоа е дефинирано во самиот член од протоколот каде што се објаснува – „се однесува на финансиски, човечки и правни работи поврзани со организацијата на изборите“. Тоа треба да се преточи во закон, а тоа е едноставно“, рече Заев.

Околу разликите во однос на законот што популарно е наречен „за забрана на бомбите“, претседателот на СДСМ рече дека позицијата на неговата партија е да не смее да има казнување на медиумите за објавување на материјалите.

Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски,пак, акцентот го стави на тоа штоиако не е постигнат финален договор, сепак имало прогрес и приближување на ставовите по одделни прашања.

„Разговаравме за законот за материјалите кој беше предложен пред една недела во Собранието. Тука се обидуваме да најдеме баланс помеѓу јавниот интерес во смисла на заштита на слободата на изразување и она што е напишано во Договорот од 2 јуни и од 15 јули. Разговаравме и за законот за „свиркачите“ кој е новитет во македонското законодавство,за кој ќе треба да се направат дополнителни напори за доближување, Во текот на утрешниот ден е најавено одржување на повторен состанок на работните групи. Ние ќе останеме целосно посветени на постигнување финален договор околу сите отворени прашања“, рече Димовски.

Како позитивен исчекор од досегашните разговори Димовски го издвои и усогласувањето за Изборниот законик, за коерече дека е можно уште денеска да се најде во собраниска процедура.

 

На разговорите во Пржино присуствуваа и евроамбасадорот Аиво Орав, американскиот амбасадор Џес Бејли и белгискиот посредник во преговорите на работните групи Питер Ванхауте.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×